Дон Карло смета дека неговиот Бразил не е меѓу фаворитите на СП!

November 14, 2025
1 min read
Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X

Како што се наближува стартот на СП 2026, така растат тензиите во оние најфудбалски земји, како што е Бразил. Иако реално “Кариоките“ немаат таков тим како во минатите години, сепак тоа е Бразил, фановите ја посакуваат шестата титула светски првак. Посебно ако се знае дека последната беше освоена дури во 2002 година на Мундијалот во Јапонија и Ј. Кореја.

На ова свој коментар има селекторот Карло Анчелоти, кој ја изненади светската јавност со коментарот дека Бразил не е меѓу главните аспиранти за трофејот.

“Фаворити? Како и секогаш, тоа се Шпанија, Аргентина, Франција, Германија, Англија и Португалија. Но треба да се биде внимателен, јас очекувам во текот на Мундијалот да има големи изненадувања. Што се однесува до Бразил, имаме искусни и квалитетни играчи. Нашите фанови посакуваат да го освоиме трофејот и ние ќе се обидеме да го сториме тоа“ истакна покрај другото Италијанецот на клупата на Бразил.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Во декември избор на изведувач за Скопје–Блаце и Кичево–Букојчани

Следно

Кантонална министерка од БиХ инјектирала филери во жена во тоалет и ѝ го УНАКАЗИЛА ЛИЦЕТО

Latest from Blog

Божиновска: Со новите закони до поголема контрола на јавно-приватните партнерства

Економската оправданост на проектите и заштитата на јавниот интерес треба да бидат основа на јавно-приватните партнерства и концесиите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на дискусија организирана од

Коњановски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ во Битола, планирани 2.000 нови работни места

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Владата и компанијата „Кромберг и Шуберт“ за нов инвестициски проект во Битола, кој предвидува производство на автомобилски компоненти за „Ауди“ и

Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен

Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата. Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога

Негативна историја: Италијански дебакл во Лигата на шампионите

Италијанските клубови испишаа негативна историја во Лигата на шампионите. За првпат досега, екипите од Серија А забележаа четири порази во едно коло од елитното европско натпреварување. Во вторникот, италијанскиот шампион Интер неочекувано

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Претставници на општина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје. Секретарот на општина Битола Борче Димитровски, се
Go toTop