Пешевска: Рамноправноста меѓу жените и мажите мора да стане составен дел од секоја политичка одлука

November 14, 2025
1 min read

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, заменик-генералниот секретар на Собранието, Бобан Стојаноски и собраниската служба на 12 и 13 ноември 2025 година учествуваа на дводневна работилница за „Унапредување на родовата сензитивност во Собранието на Република Северна Македонија“, организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со ОДИХР.

Поздравно онлајн обраќање на настанот имаа Теа Јалиашвили, прв заменик-директор, Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Жаклина Пешевска ,претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, д-р Сузан Е.Пенкса, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Сања Николин, проектен офицер во ОДИХР.

Во своето обраќање Пешевска истакна: „Чест ми е што учествувам на оваа работилница посветена на унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите во процесот на подготовка и донесување закони во Собранието. Оваа активност, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДХИР, претставува значаен чекор кон градење поинклузивни политики и законски решенија кои ја одразуваат реалноста и потребите на сите граѓани.

Како претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, искрено верувам дека рамноправноста меѓу жените и мажите мора да стане составен дел од секоја политичка одлука. Нашата цел е да создадеме законодавни рамки што го почитуваат принципот на еднаквост, ја промовираат правичноста и овозможуваат еднакво учество и видливост на жените и мажите во сите општествени процеси. Жените не се статистика, тие се двигатели на промените, носители на визија и глас што мора да бидат слушнати.

Се заблагодарувам на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР за поддршката и континуираниот ангажман во оваа област. Уверена сум дека преку заедничка работа, размена на искуства и унапредување на практиките, ќе придонесеме кон унапредување на рамноправноста меѓу мажите и жените“.

Работилницата беше посветена на оценка на спроведувањето од првата година на Акцискиот план на Собранието за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите 2025-2027 година , како и обезбедување подлабоко разбирање за тоа како рамноправноста меѓу жените и мажите може да се интегрира во сите етапи на законодавниот процес – од иницирање, преку изработка, до усвојување на законите.

Преку практични примери, дискусии и алатки подготвени од експертите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР, учесниците имаа можност да ги унапредат своите знаења и вештини за препознавање и оценка на влијанието на законите врз различни групи граѓани.

Работилницата имаше за цел и да ја поттикне меѓуинституционалната соработка, да ги охрабри членовите на работните тела во Собранието активно да ја застапуваат еднаквоста и да овозможи креирање поефективни механизми кои ќе гарантираат дека законодавството навистина ги одразува принципите на инклузивност и еднакви можности за сите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Амбасадорите Дрекслер и Ле Риголер во официјална посета на Општина Битола

Следно

РАКЕТАТА „ЊУ ГЛЕН“ УСПЕШНО ПОЛЕТА КОН МАРС Спектакл на небото и воодушевување во компанијата „Блу ориџин“ на Безос

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop