Од 1300 македонски војници од Вардарскиот полк само петмина ја преживеале битката кај Костолачка Коса во Првата светска војна

November 12, 2025
2 mins read

Македонците во Србија во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, во сабота (15 ноември) во дворот на црквата Свети Ѓорѓи во селото Стари Костолац крај Пожаревац, ќе им оддадат почит на 1 295 македонски војници од Вардарскиот баталјон, мобилизирани во Српската војска за време на Првата Светска Војна (1914-1918 година), загинати на 6 октомври 1915 година во битка со Германците кај Костолачка коса. Од околу 1 300 војници Македонци мобилизирани во овој баталјон загинале 1 295. Првата светска војна ја преживеале само петмина македонски војници.

Станува збор за мобилизирани Македонци од окупираниот дел на Македонија под Србија во Првата светска војна, од Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка и Кратово, кои учествувале во четири важни битки на почетокот на Првата светска војна што Српската војска ги водела со Австро-Унгарската и Германската армија.

-Во првата голема битка на 27 октомври 1914 година, околу 850 војници Македонци го одбраниле Смедерево од Австро-Унгарската армија, која имала околу илјада загинати и две илјади заробени војници. Потоа, следувала повеќедневна битка кај Гроцка на 24 ноември 1914 година, каде што се бранел Белград. Борбата кај Гроцка траела неколку дена, со многу жртви од двете страни, но на крајот победа извојувал Вардарскиот баталјон. Во двете битки загинале 473 војници Македонци. Најтешката и најкрвавата битка овој баталјон ја водел кај Стари Костолац на 6 октомври 1915 година против единиците на германската војска предводена од фелдмаршалот Август фон Мекензи, во којашто херојски загинале 627 Македонци војници, се наведува во соопштението од Македонското здружение „Кочо Рацин“ од Белград.

[Македонци во Србија денеска во местото Костолачка Коса, крај српскиот град Пожаревац, им одадоа почит на 1295-те загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна, јави допис]

По овие битки од Вардарскиот баталјон, како што се посочува во соопштението, останале околу двесте борци кои ја штителе Српската војска при нејзиното повлекување кон Косово и Албанија. Кога стасале во Пеќ, живи биле само шеесетина војници Македонци, кои со Српската војска се повлекле преку албанските планини. На крајот, во Скадар стигнале само петмина војници Македонци. Од околу 1 300 војници Македонци во овој баталјон, колку што биле мобилизирани од Македонија, загинале речиси сите 1 295.

Од Здружението информираат дека и во селото Света Петка, место каде еден период престојувале македонските војници, постои уште еден споменик подигнат во нивна чест, на кој македонска делегација полага цвеќе.

Од селото Петка кон Смедерево тргнува и марш „По трагите на Вардарците“ како помен и спомен за загинатите Македонци во Србија, кој граѓаните на Смедерево преку своето Здружение на потомците на војниците 1912-1918 година, со Здружението на Македонците „Македонија“ од Пожаревац секоја година традиционално го организираат.

Во прилог на одбележувањето на настанот, Гојко Илиевски во 2014 година ја издаде и книгата „Вардарци, почивајте во мир“, како сведоштво за историјата која на просторите во Смедерево, Гроцка и Костолачка Коса со своите животи ја испишаа мобилизираните Македонци од Вардарскиот дел на Македонија во Вториот Вардарски баталјон, за време на одбраната на Србија во Првата Светска Војна против Австро-Унгарската армија.

Градската општина Костолац, на барање на Гојко Илиевски, претседател на Здружението на Македонците од Браничевскиот округ „Македонија“ од Пожаревац, на 28 јануари 2015 година донесе Одлука за изградба на Спомен обележје на загинатите Македонци во Првата светска војна 1914-1915 година, мобилизирани во Српската војска против Австро-Унгарија и Германија. Идејното решение е изготвено од иницијаторот и се очекуваат финансии за негова изградба.

На 26. Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес, одржано на 13 август 2016 година, беше донесена посебна Резолуција за поддршка на изградбата на Споменикот на загинатите Македонци мобилизирани во Српската војска за време на Првата светска војна со апел до сите Македонци за донирање за изградбата на посебен споменик за херојската смрт на овие Македонци. Резолуцијата е повторена и на 27. Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес одржано на 5 август 2017 година.

Од Здружението на Македонците од Браничевскиот округ „Македонија“ од Пожаревац апелираат до Македонците во светот за помош за изградба на овој Споменик како вечен паметник на загинатите Македонци во Првата светска војна во Србија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Современ спортски центар за младите во Општина Теарце

Следно

Божиновска: Прецизната контрола на броилата ја гради довербата во енергетскиот систем

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop