Обвинителството на БиХ побарало од Молдавија податоци за руски кампови во Република Српска

November 11, 2025
1 min read

Од Обвинителството на БиХ за „Детектор“ потврдија дека нивни службеници продолжуваат да ја истражуваат аферата во која, како што се тврди, руски инструктори обучувале државјани на Молдавија во Република Српска. „Обвинителството на БиХ пред неколку месеци, преку институтот за меѓународна правна помош, се обрати до партнерските институции во Молдавија во врска со наводите за активности на државјани на Молдавија на територијата на БиХ и за наводни кривични дела“, стои во писмениот одговор од оваа институција.

Во одговорот не е прецизирано кога точно е испратено барањето до молдавските власти, но се додава дека досега не добиле одговор. Оваа информација ја потврдува постапката на истражување, откако предмет беше отворен во Државното обвинителство во средината на јули 2025 година. Тогаш не беше наведено во која фаза е предметот поврзан со камповите, кои беа откриени крајот на 2024 година.

На прашањата на „Детектор“ испратени до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи на Молдавија, тие не одговориле до објавата на текстот.

Во претходно заедничко истражување, „Детектор“, во координација со молдавскиот медиум CU SENS, преку повеќемесечна работа ја откри заднината на камповите и деталите за нивната организација. Учесниците во кампот опишале дека во околината на Бања Лука ги учеле методите за организирање масовни протести и провоцирање на полицијата. Некои инструктори биле поврзувани со озлогласената руска приватна воена формација „Вагнер“, која е обвинета за злосторства во Украина, Африка и Сирија.

На едно од судењата во Кишњев, преку сведочење на претходно осуден убиец, Владимир Харчевников, било откриено дека тој од Молдавија преку Србија пристигнал во БиХ, каде учествувал во собирање, програмирање и калибрирање дронови. Тој навел и учество во различни тренинзи, вклучувајќи управување дронови и обуки за подготовка на „Молотови коктели“.

Официјални претставници во Република Српска и Амбасадата на Русија во БиХ ги негираа постоењето на такви кампови.

Додека во БиХ истрагата за камповите сè уште е во фаза на собирање информации, во Молдавија се одржуваат судски рочишта на кои учесници од камповите откриваат детали за обуките што ги следеле. На едно од рочиштата како приближна локација на обуките во БиХ беше наведено селото Гламочани, северно од Бања Лука, во близина на поранешниот воен аеродром Залужани.

Во меѓувреме, молдавската полиција во септември уапси уште 74 лица, од кои дел се поврзани со криминални организации во Русија и за кои се верува дека се подготвувале да предизвикаат масовни немири во земјата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Загинаа сите 20 членови на екипажот во уривањето на турскиот воен авион

Следно

Премиерот Мицкоски утре на средба со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот

Latest from Blog

Вештакот Марковски: „Причината за последиците од пожарот не треба да се бара во состојбата од 2012 година“

Градежните вештаци на денешното рочиште одговараат на вкрстени прашања од одбраната. Во фокусот на испитувањето се наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и

САД: „Сирија е отстранета“

Овој потег првично беше најавен претходно оваа година, под услов да биде одобрен од Конгресот, објави Ројтерс. Означувањето наметнува ограничувања за странската помош на САД, извозот на одбрана и одредени финансиски трансакции.

ЛДП: Со пари на народот го направија скопскиот аеродром единствен негативен преседан во целиот регион

Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници,

Што навистина купуваме? По случајот во Косово, време е внимателно да ги читаме декларациите

Случајот со млечните производи во Косово, каде кај дел од анализираните производи беа откриени состојки кои не биле соодветно наведени на декларацијата, отвори едно многу едноставно прашање: колку навистина знаеме што купуваме
Go toTop