РЕЧЕНИЦИ КОИ МАЖИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ: Неколку работи од кои им се „крева косата“

November 11, 2025
1 min read

Постојат реченици кои се на врвот на списокот и кои можат, буквално, мажите да ги доведат до лудило.

Мора да разговараме

Мажите оваа фраза ја гледаат како навестување на можни проблеми. Дури и ако таа сака да разговара да излезат на ручек, самиот призвук на таа реченица укажува дека нешто не е во ред, па веќе на самиот старт се чувствуваат виновни. Мажите сакаат кога жените се директни, наместо да користат драматични воведи.

Тој вака, тој онака…

Признале или не, повеќето мажи се љубоморни, особено кога станува збор за жената што ја сакаат. Ако постојано слушаат исто машко име, без разлика дали станува збор за колега, келнер, сосед или пријател, повеќе не се концентрираат на приказната, туку на тоа зошто постојано го спомнувате.

Коментари за неговите љубовни вештини

Жените, како и мажите, разговараат со своите пријатели за сексот. И, додека припадниците на посилниот пол зборуваат општи работи или се фалат со своите вештини, жените зборуваат за конкретни ситуации или бараат совет. Мажите не сакаат да слушаат како се расправа за нивните сексуални можности, да се смеат на нивна сметка или да се анализира ситуацијата од кревет.

Дали ме сакаш?

Иако луѓето имаат слични желби и потреби, мажите своите чувства попрво ги изразуваат со дела, отколку со зборови. А, кога ќе ја слушнат оваа фраза: „Да ме сакаше, тогаш немаше да го направиш тоа“, едноставно полудуваат.

Зошто се дружиш со него?

Машките пријателства се навидум многу едноставни. Жените често за пријателки ги избираат оние со кои делат слични мисли и ставови, додека мажите не навлегуваат толку длабоко во односот, ниту пак во осудата, на она што го прави нивниот пријател. Оваа фраза од поубавата половина ја доживуваат како закана за пријателството, односно обид да се забрани дружењето.

Мојот бивши дечко…

Честото спомнување на бившиот не звучи добро, а особено ако го спомнете за време на кавга можете дополнително да го испровоцирате партнерот. Според стручњаците, никој не сака да слуша за својата некогашна љубов, а камоли за таа на партнерот. Мажите ги нервира кога нивните партнерки ги спомнуваат бившите, бидејќи кај нив буди порив за надмудрување.

Воопшто не мислиш на мене

Оваа фраза мажите најчесто ја поврзуваат со тактиката на жените да престанат да го прават она што моментално го прават за да ѝ угодат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова за извештајот на ЕК: Во извештаите техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

Следно

ВИДЕО: Се урна турски воен авион на границата меѓу Азербејџан и Грузија

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop