СВЕШТЕНИК ОБВИНЕТ ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА Бил активен на социјалните мрежи, а црквата ја претворил во скривалиште!

November 11, 2025
1 min read

Отец Партениј (58), познат на интернет по своите верски
видеа, е обвинет дека ја злоупотребувал својата религиозна положба како параван
за криминални активности.

Според документите од истрагата, пренесени од грчките
медиуми, свештеникот делувал како клучен соработник на водачката на една банда,
која била жена.

Заедно со него учествувале уште двајца свештеници.

Тројцата свештеници, според полициските наводи,
транспортирале, складирале и дистрибуирале кокаин и сурова марихуана, а дури ги
користеле и просториите на црквите за криење на наркотиците.

Членовите на бандата го користеле својот „верски статус“ и
углед за да се „кријат на очиглед“, така што никој не се сомневал во нив,
додека ја дистрибуирале дрогата на корисници и препродавачи во различни делови
од земјата.

Истрагата открила дека истата мрежа ги користела истите рути
и за превоз на нелегални мигранти, под постојан надзор на водачката на бандата
и нејзиниот блиски соработник.

На пример, на 13 септември 2025 година, свештеникот Д.М. бил
уапсен во областа Родопи додека превезувал шест странци без документи, додека
во близина се движеле возилата на другите двајца свештеници, кои служеле како
извидници и заштита на конвојот.

Минатата недела, полицајци на островот Родос го затекнале
членот на мрежата во моментот кога му предавал 2,1 килограм кокаин на друг
соработник.

Истата вечер, водачката на бандата била уапсена во Атина, а
кај неа била пронајдена одредена количина марихуана.

Според полициските белешки, најмалку три месеци пред
апсењето, осомничените набавувале, разредувале и препакувале големи количини
наркотични супстанци, чии цени достигнувале 35.000 евра за килограм кокаин и
2.500 евра за килограм марихуана.

Попот и неговите соработници користеле кодни имиња за
„стоката“ – марихуаната во нивните разговори ја нарекувале „фануропита“ (вид
колач посветен на светиот Фануриј), а за комуникација користеле стари мобилни
телефони без пристап до интернет.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Војната продолжува: Јамал е отстранет од селекцијата на Шпанија!

Следно

Бесплатен влез за натпреварот Македонија – Летонија на арената „Тодор Проески“

Latest from Blog

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен

Коњановски: Наследството на Кирил и Методиј живее низ генерациите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на
Go toTop