Алиу: Ќе се интензивираат процесите на дигитализација и во сегментот на фармацевтските услуги

November 10, 2025
1 min read

Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претседателката на Фармацевтската комора Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки Џоана Андоноска.

На средбата, Алиу ја потенцираше дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, вклучувајќи ја и фармацијата, соопшти Министерството за здравство.

– Нашата заложба е континуирано унапредување на условите и воведување нови методи во јавните здравствени установи, како и нови услуги во аптеките. Исто така, посветено работиме на дигитализацијата во здравството и еден од приоритетите во следниот период ќе биде интензивирање на овие процеси и во сегментот на фармацевтските услуги и развој на институционалната поддршка за зајакнување на професионалната комуникација меѓу фармацевтите и матичните лекари, порача министерот Алиу.

Активно се работи и на проширувањето на позитивната листа од тимовите на Министерството за здравство, Комисијата за позитивна листа која ги разгледува и оценува апликациите од фармацевтските компании, како и Фондот за здравствено осигурување. Неодамна беше промовиран и нов модул за електронско поднесување барање за лек на позитивна листа, со кој ја започнавме дигитализацијата на постапката за ставање нов лек на позитивната листа, стои во соопштението од Министерството.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сезоната на пожари во Грција годинава била меѓу петте најтешки во последните 20 години

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Latest from Blog

МФ: Со новиот Закон за игри на среќа се воведуваат нови правила за giveaway – дозвола, надоместок и јасно утврдени услови

9 јули 2026 година, Скопје– Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway), надоместок за нивно приредување, јавно објавување на правилата и резултатите, како и јасно утврдени рокови и услови за организирање, се дел

Шок за Мароко против Франција: Најдобриот стрелец го пропушта четвртфиналето

ФОТО:.facebook.com/ENMAROCofficiel/ Мароканската фудбалска репрезентација претрпе голем удар пред вечервашниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Франција. Најдобриот стрелец на тимот, Исмаел Саибари, не успеа да се опорави од повредата и нема да

САД велат дека погодиле 90 цели во Иран откако Трамп претходно се закани дека ќе ги „удри силно“

Неколку земји од Персискиот залив оттогаш пријавија ирански напади – ова вклучуваше експлозии во главниот град на Бахреин, Манама, пресретнување ракети и беспилотни летала од Кувајт и издадено е  безбедносно предупредување од

Македонски Концепт: Без гаранции за членство во ЕУ, се доведува во прашање оправданоста на Преспанскиот договор

Политичката партија Македонски концепт соопшти дека изјавата на европската комесарка Марта Кос, според која „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, отвора сериозни политички прашања и заслужува широка јавна и
Go toTop