Совети за безбедно користење Чет-ГПТ и за заштита на личните податоци

November 10, 2025
1 min read

На својата страница, американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) ги предупредува корисниците на „Чет-ГПТ“ да не споделуваат чувствителни и доверливи податоци. Истото им го препорачува и „Гугл“ (Google) на корисниците на неговиот четбот „Џемини“.

Додека многу корисници на „Чет-ГПТ“ и другите четботови веќе бараат помош за сè – од совети за брак и претворање слики од нивните миленици во човечки ликови до пишување професионални е-пораки, користењето вештачка интелигенција носи и одредени опасности за приватноста. Според „Њујорк пост“ (New York Post) и Џенифер Кинг, стручњак во Институтот за ВИ „Стенфорд“, сè што внесувате во четботот може да стане јавно.

– Така ја губите сопственоста врз тие податоци, вели Кинг.

Затоа е важно да се следат неколку основни правила при разговор со четбот. Како што „Опен-АИ“ и „Гугл“ советуваат, за ако користите ВИ, следат пет работи што никогаш не треба да ги споделувате со четботовите.

Лични, возачки и здравствени информации

Никогаш не се споделуваат лични податоци коишто би можеле да го откријат Вашиот идентитет, како што е број на лична карта, возачка дозвола, пасош, датум на раѓање, адреса или телефонски број. Иако некои четботови се обидуваат да идентификуваат и отстранат чувствителни податоци, најдобро е целосно да се избегнува тоа. Целта, според „Опен-АИ“, е ВИ-моделите да учат за светот, а не за поединци.

Здравствени податоци

Тие податоци се заштитени со законите за приватност, но четботовите, општо земено, немаат таква заштита. Доколку барате од „Чет-ГПТ“ да толкува медицински наоди, Кинг советува прво дигитално да го исечете и уредите документот, оставајќи ги така само резултатите од тестот, без личните информации.

Финансиски информации

Никогаш не се споделува број на банкарска сметка, инвестиции или други финансиски податоци, бидејќи хакерите можат да ги злоупотребат и да ги користат за пристап до Вашите пари.

Лозинки

Иако може да изгледа погодно да споделувате кориснички имиња и лозинки со четбот за одредени задачи, тој не може да ја гарантира безбедноста на Вашите сметки и профили.

Податоци за клиентите

Ако користите „Чет-ГПТ“ или слични четботови за деловни цели, на пр. за пишување е-порака или уредување документи – постои ризик ненамерно да откриете податоци за клиентите или деловни тајни. Некои компании користат свои, затворени верзии на ВИ-системи, или имаат поставено дополнителни безбедносни мерки за заштита на податоците.

Ако сакате да користите чет-бот без да ја загрозите својата приватност, стручњаците советуваат и користење силни лозинки, повеќефакторска автентикација и редовно бришење на историјата на разговор. Некои компании, како американската „Антропик“ (Anthropic), наведуваат дека податоците избришани од платформата – трајно се бришат по 30 дена. Иако вештачката интелигенција може да олесни многу задачи, секогаш следете ги основните правила за приватност, за да се избегнат сите можни закани и опасности. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски – Николоски: Скопје го развиваме заедно!

Следно

Полициска акција во Бразил: Убиени повеќе од 100 членови на банда

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop