Втор круг локални избори во 18 општини на Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025
1 min read

Во 18 од 38-те општини во Косово, вклучувајќи го и главниот град Приштина, денеска се одржува втор круг од локалните избори, при што полицијата и обвинителството најавија дополнителни мерки со цел да се обезбеди мирно одвивање на изборниот процес, јавува Косовското радио и телевизија.

По првиот круг од локалните избори во Косово, кој се одржа на 12 октомври, стана јасно дека во 18 општини во земјата ќе има втор круг. Тоа се главниот град Приштина, општините Вуштри (Вучитрн) и Јужна Митровица во Северно Косово; Фуше Косово и Обилич во Централно Косово; Клина, Јуник и Пеја (Пеќ) во Западно Косово; Ѓакова (Ѓаковица), Раховец, Драгаш (Краковишта), Сухарека и Призрен во Југозападно Косово; Ѓилан (Гњилане), Мамуша, Витија (Витина) и Качаник во Југоисточно Косово.

Во главниот град Приштина на гласање во вториот круг одат досегашниот градоначалник Парпарим Рама од десноцентристичкиот Демократски сојуз на Косово и Хајрула Чеку од владејачкото левонационалистичко Движење „Самоопределување“, кој во моментов е министер за култура.

Косовското обвинителство во петокот објави дека ќе распореди 80 обвинители од целата земја во општините каде што се гласа денеска, со цел да се преземат адекватни и навремени мерки во случај на неправилности во изборниот процес.

Косовската полиција, исто така, соопшти дека вовела посебен оперативен план за спроведување на вториот круг од изборите, во рамките на кој на терен се распоредени дополнителни полициски службеници и координатори и се спроведени дополнителни обуки за да се обезбеди мирно одвивање на изборниот процес. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново шоу и нов рекорд за Меси во победата над Интер Мајами (ВИДЕО)

Следно

Коњановски ги поздрави учесниците на џип турнејата на Пелистер

Latest from Blog

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју

ЗК Пелагонија ја гради иднината на домашното млекопроизводство: Знаење, технологија и посветен тим

Земјоделскиот Kомбинат Пелагонија е водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјава. Располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се

Реал блеска без Винисиус, Диоманде ќе го седне на клупа Бразилецот

Винисиус би можел да се соочи со сериозен проблем во Реал Мадрид. Бразилецот ја одработи првата од четирите средби суспензија против Севиља, а од трибините гледаше како неговите соиграчи убедливо победуваат и
Go toTop