Милитао издвои двајца играчи на Ливерпул и порача: Не сакаме изненадување во Мадрид

March 13, 2023
1 min read

Оваа седминца ќе ги добиеме и преостанатите патници во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а еден од дуелите кој предизвикува најголемо внимание е оној меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

„Кралевите“ остварија фантастичен резултат на „Енфилд Роуд“ и дојдоа до победа од 5-2 иако губеа со 2-0 на овој меч. Предноста од три гола е голема, но мора да се одработи задачата на „Сантијаго Бернабеу“ и затоа во таборот на Реал се многу внимателни пред натпреварот закажан за в среда од 21 часот.

-Таа вечер во Ливерпул беше една од најзначајните во мојот спортски живот. Беше уникатен момент за мене, победивме 5:2 и постигнав гол. Сепак, Ливерпул има добар тим, не сакаме да има изненадување во Мадрид, -рече дефанзивецот Едер Милитао кој издвои две имиња од премииерлигашот.

-Мохамед Салах е во форма, секогаш опасен и е многу мотивиран против нас. Роберто Фирмино повторно постигнува голови, така што не е ништо завршено додека не заврши натпреварот, -подвлече Бразилецот.

фото: https://twitter.com/CBSSportsGolazo

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

Следно

Нов мега-парк во Чаир 13.3.2023

Latest from Blog

Можен ли е блек-аут како во Шпанија и Португалија? Одговара Димитров

Дали и Македонија се соочува со ризик од масовен прекин на електричната енергија, сличен на оној што неодамна се случи во Шпанија и Португалија? На ова прашање одговор даде универзитетскиот професор Константин

Болнички апарати фаќаат прашина – најавен шокантен извештај на Државниот завод за ревизија

Државниот завод за ревизија утре ќе објави извештај кој, според најавите, открива сериозни пропусти во начинот на кој болниците во земјава ја користат современата медицинска опрема. Новинарката Мирослава Симоновска преку објава на

Божиновска во Аргумент плус: Очекувам Законот за енергетика да се донесе до крајот на месецот

Министерката за енергетика Сања Божиновска во Аргумент плус рече дека, очекува законот за енергетика да се донесе до крајот на месецот. Според неа, во овој закон за прв пат ќе се воведе

Ердоган: Туркије е подготвена да направи сѐ што е во нејзина моќ за намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и ја изрази подготвеноста на Туркије да „стори сѐ што е во нејзина моќ за
Go toTop