Матурантите бараат да им се намали материјалот за полагање државна матура

March 13, 2023
2 mins read

Матурата ни тропа на врата, учениците треба да се подготвуваат. Така што оваа недела би очекувале одговор. Тоа е актуелен проблем и бара брзо решение. Доколку нашето барање не биде исполнето, во тој случај ќе најавиме протест, велат од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и се оградуваат од денешниот протест на дел од матурантите пред МОН

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) до Собранието и Владата ќе испрати барање за олеснување на полагањето државна матура за годинашната генерација – или да се скрати обемот на материјалот или да се намали бројот на интерни испити.

Анисија Угриновска, претседателката на ОДАС, вели дека тоа се заклучоци од дискусијата што ја организирале во саботата и ќе бидат пратени до Собранието и Владата, односно Министерството за образование и наука.

„Како организација целиме прво работите да бидат решени преку дискусија, а дури потоа би следувале порадикалните мерки. Бараме намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матурата или скратување на еден интернет предмет. Тоа се должи на два најголеми фактора во последните четири години – бевме зафатени со корона-кризата и имавме година и пол онлајн настава и дојавите за бомби. Во меѓувреме имаше и други фактори, така што ние матурантите сме најоштетена генерација и не сме имале една целосна непрекината учебна година“,

изјави Угриновска за МИА. 

Со оглед дека првиот екстерен испит е закажан за 27 мај и, како што рече, времето ги ограничува, повратен одговор на нивното барање ќе очекуваат оваа недела.

„Матурата ни тропа на врата, учениците треба да се подготвуваат. Така што оваа недела би очекувале одговор. Тоа е актуелен проблем и бара брзо решение. Доколку нашето барање не биде исполнето, во тој случај ќе најавиме протест“,

додаде Угриновска.

Таа се огради од протестот што со вакво барање денеска го одржаа матуранти пред МОН.

Угриновска рече дека тие не се организатори и, веројатно, протестот е самоиницијативен, но дека и ОДАС ќе организира предупредувачки протест доколку надлежните не ги слушнат нивните барања.

По однос на ова барање и во врска со денешниот протест, претседателот на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, Лука Павиќевиќ, во одговор на новинарско прашање на прес-конференција рече дека во моментов Генералното собрание на ССРСМ нема донесено одлука и дека треба да се разгледаат сите аспекти.

„За една до две недели ќе имаме Генерално собрание кое ќе се произнесе по ова прашање и Сојузот ќе излезе со официјални барања на средношколците за државната матура. Нашите младински амбасадори контактираат секој ден со средношколците од нивните градови, собираме предлози и идеи и ги анализираме. Но, не е прашање само што би сакала една група на средношколци, туку треба да се размислува за сите, бидејќи има повеќе интереси на учениците што се во конфликт – тие што сакаат да се запишат во странство, тие што сакаат да се запишат на студии тука, тие што можеби не ни сакаат да се запишат на факултет. Така што, проблемот околу државната матура е повеќезначен и им повеќе аспекти што треба да се истражат“,

рече Павиќевиќ.

Дел од матурантите денеска излегоа на протест пред Министерството за образование и наука и бараат да им се укине полагањето на матура. Тие велат дека како генерација изминатите години имаат многу изгубено од наставата.

„Првата година беше корона кризата и бевме оставени дома, а неколку месеци немавме и настава. Потоа цела година бевме на онлајн настава и практичната настава се изгуби. Минатата година тргнавме на училиште, но кај професорите имаше многу заболени од корона и се губеа часови. Оваа година немаше редовен јавен превоз за да може навреме да стигнуваме на училиште, а и заради дојавите за бомби, кои се уште ги има, се изгубија многу часови. Сакаме од МОН да ни излезе во пресрет да ни се скрати матурата за да може да си ги оствариме нашите потреби за упис на факултет“,

рекоа матурантите и додадоа дека протестот и неодењето на настава ќе трае сè додека не се исполнат нивните барања.

Според сегашното решение, матурантите полагаат два екстерни и два интерни предмета и проектна задача. Тестот по првиот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература е закажан за 27 мај, а на 10 јуни, според календарот на Државниот испитен центар, треба да го полагаат вториот екстерен испит – избор меѓу предметите математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, филозофија или естетика.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пеп: Арсенал редовно постигнува голови во 93,95,98 минута…. ние тоа не го правиме!

Следно

Иран помилува околу 22.000 демонстранти

Latest from Blog

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос
Go toTop