Костовски: Продолжуваме со силна динамика, нова детска градинка во Бутел 2

November 3, 2025
1 min read

Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на нова детска градинка во Бутел 2.

Градежните активности напредуваат со одлична динамика. Стариот објект кој беше изграден во далечната 1964 години е срушен и на негово место локалната самоуправа гради нова детска градинка на површина од 1800 м2. Новиот објект ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Покрај тоа, во новата градинка ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна.

Новиот објект ќе ги исполнува сите услови за згрижување на 200 деца. Општина Бутел го исполнува најголемото барање на граѓаните. Локалната самоуправа вложува во капитален објект, по долги години лажни ветувања.

Изградбата на новата детска градинка е најголема инвестиција во населеното место Бутел 2.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази големо задоволство за реализирањето на овој капитален проект и останува посветен на обезбедување на најдобри услови за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, во секое населено место во општина Бутел.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костовски: Ветувањата стануваат реалност – Бутел 2 добива нов лик со изградбата на модерна детска градинка

Следно

Дневен хороскоп: Близнаците да не ја трошат енергијата, Лавот да внимава на потребите на партнерот

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop