Ацевски: Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на ОО СДСМ – Ѓорче Петров, оставки треба да поднесат Филипче и целото раководство на СДСМ

November 3, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначлник за општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски после катастрофалниот пораз на овие локални избори поднесе неотповиклива оставка од претседател на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, притоа појаснувајќи го тоа како морален чин на одговорнос поради лошот резултат, а според него истото треба да го направат и Венко Филипче и целото раководство на СДСМ.

-Изборите завршија, време е да се понесе одговорност. Иако се вложив целосно, без калкулаци и без да се штедам, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка претседател на општинската организација како чин на објективна и морална одговорност за лошите резултати на локалните избори, вели во своето видео обраќање Ацевски .

Според Ацевски оставка треба да си поднесе и претседателот Венко Филипче како и целото раководство на партијата.

-Верувам дека е исправно и потребно, оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ. Не само заради лошите резултати, туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период. СДСМ е преголема идеја за да остане непретпознатлива. СДСМ мора да биде силна опозиција и силен коректор на оваа лоша власт. И покрај оставката останувам член на СДСМ, целосно посветен на борбата за подобро Ѓорче, подобро Скопје и подобра Македонија, додава Ацевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Следно

Солена пита со спанаќ и сирење

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop