Барса го “реши“ Елче, се “разбуди“ и Јамал!

November 2, 2025
1 min read
ФОТО: FC Barcelona/X

По поразот во „Ел Класико“ во минатото коло, Барселона ја оправда улогата на голем фаворит на „Монжуик“, каде што го победи Елсе со 3:1 во 11-то коло од шпанската Ла Лига.
Веќе во деветтата минута, Барса поведе. Балде ја освои топката од левата страна на теренот, истрча брз контранапад и навреме го ангажираше Ламин Јамал ​​во шеснаесетникот, а првата ѕвезда на Барселона од десет метри, испрати силен и прецизен удар за 1:0.
И, штом го прославија водечкиот гол, играчите на Барселона постигнаа уште еден. Поточно, во 11-та минута се случи слична ситуација како и две минути претходно. Гостите повторно ја загубија топката, но сега Фермин Лопез ја освои и незапирливо се упати кон шеснаесетникот, испраќајќи центаршут од левата страна за Феран Торес, кој по таа акција се најде таму каде што требаше и постигна гол од непосредна близина за 2:0.
Рафа Мир ја врати неизвесноста за 2:1. И овој гол беше постигнат по контранапад.
Во 61-та минута Барса повторно со водство од два разлика.Фермин Лопез од десната страна центрираше, Маркус Рашфорд ја прифати топката, влезе во шеснаесетникот а потоа шутираше силно, топката се одби од пречката и заврши во мрежата – 3:1.

Со оваа победа Барса сега има -5 во однос на лидерот Реал Мадрид.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митески прогласи голема победа во Аеродром

Следно

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop