Андоновска: Граѓаните низ цела Македонија со голема излезност во вториот круг, изборите фер и демократски

November 2, 2025
1 min read

Граѓаните низ цела Македонија, во општините каде што има втор круг во голем број излегуваат на гласање, рече Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Досегашниот тек на изборниот ден, во рамките на вториот круг од локалните избори за градоначалници во Македонија, минува во мирна, фер и демократска атмосфера на ниво на целата држава, во духот нa демократските вредности и принципи.

ВМРО-ДПМНЕ, упатува благодарност до сите граѓани кои до овој момент излегоа и го остварија своето уставно загарантирано право на глас во овој втор круг од градоначалничката трка за овие локални избори.

Со користење на правото на глас, граѓаните одлучуваат кому ќе му го доверат водењето на нивната општина, начинот на којшто ќе се управува истата и патот на нејзиниот развој во наредните 4 години“, додаде таа.

„Според информациите објавени од страна на ДИК, излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија до 13:00 часот е 18,05 %.

Уште еднаш, изразуваме благодарност до сите граѓани кои веќе гласаа, воедно ги повикуваме граѓаните до крајот на изборниот ден масовно да го искористат своето право на глас, да излезат и да гласаат.

Благодарност и до сите оние кои го спроведуваат изборниот процес професионално, одговорно и во духот на демократијата, изјави Викторија Андоновска.

Во наредните часови, очекувајте не повторно да излеземе со нови информации, потенцира Андоновска.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад

Следно

Еве кои се среќни денови во ноември за секој хороскопски знак

Latest from Blog

Коњановски: Наследството на Кирил и Методиј живее низ генерациите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Во честитката, Коњановски истакнува дека просветителската дејност и големото дело на

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот

Божиновска со честитка за 24 Мај: Светите Кирил и Методиј го втемелија нашиот јазик, идентитет и иднина

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, Сања Божиновска упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското и духовното значење на делото на светите браќа за македонскиот
Go toTop