Ново Мексико е првата американска држава, каде ќе има бесплатна грижа за децата

November 2, 2025
1 min read

Според новата програма, семејствата можат да добијат владини ваучери за да помогнат во покривањето на трошоците за грижа за децата, без разлика дали се во јавни или приватни институции, објави Ројтерс.

Мерката е кулминација на напорите на владата на Ново Мексико од создавањето на Одделот за образование и грижа за деца во раното детство во 2019 година.

Овој потег доаѓа во време кога другите држави и градови предводени од демократите разгледуваат слични мерки популарни кај работничките семејства.

Конектикат неодамна воведе закон со кој бесплатната грижа за децата ќе им биде достапна на семејствата што заработуваат помалку од 100.000 долари годишно, додека за оние со повисоки приходи, износот ќе биде ограничен на максимум 7 проценти од вкупниот приход.

Кандидатот за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, исто така предложи универзална грижа за децата што нема да се наплаќа.

За да ја спроведат најновата мерка, властите на Ново Мексико ќе мора да вработат уште 5.000 едукатори и да отворат уште 14.000 установи за деца, соопшти локалната самоуправа, која ја водат демократите.

Американската држава ќе создаде фонд од 12,7 милиони долари за изградба и проширување на установи за деца.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

Следно

Новиот партнер на Џенифер Анистон: Никогаш не е доцна за да се пронајде љубов (ВИДЕО)

Latest from Blog

Над 100 млади уметници од светот творат на Малиот Битолски Монмартр

Синоќа во Офицерскиот дом во Битола во присуство на голем број гости, свечено беше отворен Малиот Битолски Монмартр. Организаторот детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ им посака добредојде на учесниците на годинашната

Тоневски: Пробиштип не ги заборава своите спортски легенди

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, присуствуваше на меморијалниот турнир во риболов на браната Пишица, организиран во чест на Љубиша Дуковски – Бомба, кој важи за еден од најголемите спортски риболовци во

Проданоски со честитка за 24 Мај: Да го чуваме македонскиот јазик и култура

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека делото на сесловенските просветители претставува темел на македонскиот

ВЛЕН: ДУИ да објасни какви односи имале со Стајиќ

Коалицијата ВЛЕН побара одговори од ДУИ и од поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во врска со, како што велат, нивните врски со почесниот конзул на Србија, Владимир Стајиќ. „Колку повеќе
Go toTop