Ленче им дава душа на старите стаклени предмети

November 1, 2025
2 mins read

Неодамна ја посетивме во нејзиниот дом, во кој од сите страни се чувствува уметничкото мајсторство на оваа скромна жена. Луѓето обично ја знаат како успешна во полето на бројките и финансиите, а нејзините пензионерски денови, покрај грижата за домот и секојдневните домашни обврски, сега таа ги поминува активно, творејќи, посветувајќи се на рачни изработки. 

Витановска раскажа за МИА дека отсекогаш била уметничка душа и го носела со години тоа чувство за уметност во себе. Нејзините најблиски додадоа дека сите изминати години, таа одвреме – навреме знаела да ги изненади со уникатни рачно изработени украси, па макар биле тоа и од обични есенски лисја собрани во градината. 

– Сепак, малку посериозно решив да се посветам на уметноста и да му го дадам на светот уметничкото што го носам во себе, откако се пензионирав. На мојот 60. роденден, од моите ќерки за подарок добив сликарски платна и бои и решив да свртам нова страница во животот. Третото доба, што навистина може да биде убаво ако вистински знае да се осмисли, да го поминувам со мојата креативност што ја носам уште од раѓање, ни откри таа. 

Решила исто така, да им даде втора шанса на материјалите, па започнала да прави декупаж на стаклени тегли и особено шишиња, со оглед на тоа што Тиквешијата е познат и најголем лозаровинарски регион во државата и надвор од неа. Така нацртаните стаклени предмети добивале нова употребна вредност. 

– Рачно насликаните стаклени предмети главно ги подарувам на мои блиски, на некои посебно значајни денови за нив. Се работи за природни материјали и уникатни изработки. Во мојата уметност користам и школки, камчиња, шишарки, лушпи од јајца, песок. На сите нив им давам нова шанса, а стаклените шишиња и тегли се стопроцентно употребливи во домаќинствата. Имам побарувачка од мои блиски луѓе, за подарување за слави, родендени, посебни прилики, појасни Витановска. 

Луѓето околу неа велат дека е вредна и марифетна, дека има, што се вели, златни раце, а таа скромно подвлекува дека сево ова ја прави среќна и на нејзиното хоби му пристапува со огромна доза на задоволство. 

– На сите пензионери им препорачувам да бидат активни, да се пронајдат себеси во некое хоби, што ќе ги исполнува. Иако самоука, многу сум среќна кога моите блиски ќе го изразат своето воодушевување од некоја моја рачна изработка. Тогаш заборавам и на напорот и на трпението што се неопходни, за едно рачно изработено дело да ја раскаже неговата животна приказна, нагласи таа.

Витановска работи на различни техники. Нејзините слики, главно се во акрилна техника на платно. Ни кажа дека е членка на интернет група, во која љубителите на овој занает како неа, меѓусебно си споделуваат искуства и совети. 

– Толку се вложив во овие рачни изработки што мислам дека ќе го работам ова додека имам сила за тоа. Инспирација за творење имам. Сакам преку уметноста, да му пренесам бројни пораки на светот. Една од нив е да не ги фрлаат работите што можат да бидат реупотребени. Со реупотребата, им даваме нов живот, истакна Витановска. /МИА

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европските демократи со студентите кои бараат одговори за трагедијата во Нови Сад

Следно

Кој и зошто и подметна БУГАРСКО ЗНАМЕ на Цеца на концеротот во Велес?

Latest from Blog

Сведокот Марковски: Задниот излез во дискотеката бил нефункционален по реновирањето

Сведокот Петар Марковски на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 210 беа повредени, рече дека видел како огнените прскалки го запалиле плафонот

Француска и јапонска компанија заинтересирани за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Француска и јапонска компанија се обратиле до Министерството за енергетика со интерес за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа потенцира дека, иако најдобро би било

Димитриеска-Кочоска: Нелегално стекнатиот имот ќе се враќа во корист на граѓаните

Денеска беше одржана конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, има силна практична тежина во борбата против финансискиот криминал.

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на
Go toTop