Воведување електронски механизам за контрола на времетраењето на говорите и нова апликација со која автоматски ќе се исклучува микрофонот на говорникот по истекот на дозволеното време, предвидуваат, меѓу другото, измените во Деловникот за работа на грчкиот Парламентот, што беа изгласани од пратениците.
Парламентот со широко мнозинство даде зелено светло за измените, а целта на конкретната мерка е да се гарантира дека сите говорници ќе се придржуваат до предвиденото име, во спротивно, нивниот микрофон автоматски ќе се исклучува.
Сепак, предвиден е и праг на толеранција од 25 отсто во времетраењето на говорот за сите учесници во парламентарните дискусии, а исклучоци ќе има кога станува збор за специјални расправи, како што се седници за буџетот или по предлози за недоверба на Влада.
Дополнително, министрите и претседателите на пратеничките групи ќе можат да земаат збор до три пати.
Извор: vecer.mk


