Кичево како пример за соживот и демократска зрелост

October 30, 2025
1 min read

Во недела, очите на македонската јавност ќе бидат вперени во повеќе градови каде ќе се избираат нови градоначалници, а меѓу нив посебно внимание ќе привлече Кичево – градот каде, како што велат граѓаните, конечно почнаа да дуваат позитивни ветрови на соживот, почитување и нова политичка култура.

Новата енергија се почувствува особено по јавното обраќање на сопругата на кичевскиот кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Линдита Јовановски, која е Албанка по националност. Таа испрати порака дека Кичево заслужува градоначалник кој ќе работи за сите граѓани – без оглед на нивната националност, вера или пол.

„Имаме морална обврска кон иднината на нашите деца“, порача Јовановски, чиј настап предизвика бројни позитивни реакции во јавноста.

 

За разлика од тоа, дел од политичките партии, како што беше забележано во текот на кампањата, повторно прибегнаа кон националистичка реторика од минатото. Граѓаните, сепак, испратија јасен сигнал дека сакаат промени и политика заснована на вредности и заедништво.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, преку своите потези и поддршка на албански кандидати во повеќе општини, покажа поинаков пристап и пример за меѓуетничка соработка.

Во недела, кичевчани ќе имаат можност да ја потврдат оваа нова енергија и да испратат силна порака на единство и соживот – порака каква одамна и е потребна на Македонија.

Извор: Прва Скопска

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки

Следно

Убаво чудо: Преживеа бебе родено со само 300 грама

Latest from Blog

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop