Ердоган: „Ќе изградиме 244.000 станбени единици и 75.000 куќи во рок од една година“

March 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије ги мобилизира сите институции, персонал и ресурси за подрачјата погодени од разорните земјотреси што ги потресоа јужните области на земјата, изјави вчера претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Никој не би требало да се сомнева дека сите средства на државата и нацијата се мобилизирани за зоната погодена од земјотресите“, рече Ердоган за време на посетата на местото Самандаг во турската област Хатај, кое е погодено од земјотресите.

Тој порача дека „ја мобилизирале војската, полицијата, жандармеријата, здравствените работници, персоналот на релевантните институции и сите превозни средства, од авиони до хеликоптери и бродови, за лицата погодени од земјотресите“.

Ердоган нагласи дека не постои земја која може да одговори побргу од Туркије на ваква катастрофа во која бројката на загинати достигна 48.000, а повредени се над 115.000 лица, при што се уништени 50.000 згради.

Претседателот на Туркије рече дека Владата планира да ја заврши изградбата на итно потребните 244.000 станбени единици и 75.000 куќи во рок од една година.

„Во подрачјата погодени од земјотресите досега поставивме 426.000 шатори, за 2 месеци планираме да поставиме 100.000 домови контејнери“, рече претседателот Ердоган.

Повеќе од 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на земјата на 6 февруари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лондон најави пет милијарди фунти нови инвестиции во одбраната

Следно

Со пиштол го натерал да влезе во возило, па го испрашувал во какви односи бил со неговата сестра

Latest from Blog

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,
Go toTop