Орбан: Трамп направи грешка со санкциите против Москва

October 27, 2025
1 min read

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека верува оти американскиот претседател Доналд Трамп направил грешка со воведувањето санкции врз Русија и додаде дека ќе разговара со него за време на неговата посета на Вашингтон „за да бидат укинати“.

„Европската Унија не значи ништо. Доналд Трамп греши во врска со Путин, ќе го контактирам за да го убедам да ги укине санкциите врз Русија“, рече Орбан во изјава за италијанскиот весник „Република“, за време на посетата на Италија и Ватикан.

На прашањето што ќе разговара со италијанскиот премиер Џорџо Мелони, Орбан одговори дека темата на разговор ќе биде иднината на европската економија, бидејќи, како што изјави, Европа може малку да направи во врска со војната во Украина.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ноември носи промени: 3 знаци наскоро ќе пливаат во луксуз и пари

Следно

Атлетико се враќа триумфално од Андалузија

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop