Со ДНК на трите бебиња УТВРДИЛЕ ДЕКА СЕ СЛУЧАЈ ЕДЕН ВО 200 НИЛИОНИ

October 27, 2025
1 min read

Приказната за идентичните близнаци, Роман, Рок и Роан, стана позната низ целиот свет откако нивната мајка одлучи да направи ДНК тест врз нив.

Беки-Џо Ален од Ливерпул стана горда мајка на тројки во 2015 година – самото раѓање на три бебиња во исто време беше огромно изненадување. Сепак, она што следеше целосно ги надмина очекувањата. Беки роди три сина – Роман, Роко и Роан. По шест недели на интензивна нега, малите конечно можеа да си одат дома.

Неверојатна сличност меѓу браќата

Многу брзо, пријателите и познаниците почнаа да забележуваат дека момчињата изгледаат речиси идентично. Иако е вообичаено тројките да личат едни на други, во овој случај сличноста беше толку изразена што изгледаше речиси нереално. Беки одлучи да провери дали е само случајност и ги испрати примероците од ДНК на анализа.

Резултат што ги шокираше дури и лекарите

Тестирањето покажа дека Роман, Рок и Роан се генетски идентични тројки, што е исклучително ретка појава – шансите ова да се случи природно се проценуваат на само една на 200 милиони. Со други зборови, момчињата се генетски потполно исти во секој поглед.

– Кога беа новороденчиња, беше многу тешко да се разликуваат, но никогаш не ги мешав. Лекарите ми кажаа во болницата дека не се идентични, но луѓето околу нас едноставно не можеа да ги разликуваат. Кога дознав дека се, бев во шок – не го очекував тоа. Сепак, резултатот од тестот ми објасни многу, се присети Беки за Дејли Меил.

Покрај тројките, 31-годишната Беки има и постара ќерка, Индијана, која, како што вели, воопшто не им љубомори на своите помлади браќа.

Од предвремено раѓање до здрави момчиња

Роман, Рок и Роан се родени во 31-та недела од бременоста и секој тежел помалку од килограм и пол. Сепак, со грижата и љубовта на семејството, момчињата напредуваа и денес се здрави, весели и силни осумгодишници – вистинско чудо на природата кое сè уште инспирира восхит кај секој што ги среќава.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турците протерани од Црна Гора, СЕ СПОМНУВА И КОСОВСКАТА БИТКА

Следно

ЕМ БИЦЕПСИ, ЕМ БИЗНИС… Башка плус пеење

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop