Македонско друштво „Илинден“ – Тирана доби поддршка од ФУЕН за правата на малцинствата

October 26, 2025
1 min read

Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН),  на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Според него на Конгресот учествуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Конгресот се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН, посочи Ѓурѓај.

Конгрес, се одржува во Болзано, Јужен Тирол, Италија, почна вчера се завршува во недела. Македонско друштво “Илинден”-Тирана десет години е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на Конгреси на кои поднесува Резолуции за полжбата и правата на македонското малцинство во Албанија.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовица Илиевски: Брвеница се гради со проекти, не со поделби

Следно

Аморим: Понекогаш е многу тешко да се разбудат добри емоции во нашиот клуб

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop