Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје

October 26, 2025
1 min read

Скопјани на 2 ноември ќе изберат пред се човек, а потоа и градоначалник, човек кој знае како да работи за граѓаните. Со Орце Ѓорѓиевски и мнозинството во Советот, ќе ги поставиме темелите на промените што му се потребни на главниот град, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката што ја добивме од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест и уште поголема обврска. Таа доверба покажува дека граѓаните препознаваат резултати, кои Орце Ѓорѓиевски ги покажа на локално ниво во Кисела Вода, како и на државно ниво каде Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци значително помогна во развојот на општините.

Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, координација и побрзо реализирање на ветените проекти, нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и поефикасен јавен превоз.

Од друга страна, петтата партија во Скопје со околу 26.000 гласови, или 3,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, доживеа сериозен пад и покажа дека нема доверба кај граѓаните. Наместо да понудат аргументирана критика или пак решенија на проблемите, тие продолжуваат по истата погрешна насока.

Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, а нашите ветувања се реални и остварливи.

Затоа, почитувани граѓани,

На 2 ноември, изборот е едноставен, а тоа е вистинскиот избор, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Историско обединување за подобро Шуто Оризари

Следно

Скопје домаќин на најголемиот светски форум за одржлива енергија

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели
Go toTop