Лабудовиќ најави 24/7 обезбедување во сите училишта и градинки во Центар

October 22, 2025
1 min read

Безбедноста на децата мора да биде обврска на општината, а не трошок за родителите, порача Мирослав Лабудовиќ кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар. Тој најави дека дел од неговата програма е воведување 24-часовно физичко обезбедување во сите училишта и градинки на територијата на Центар.

-Не може родителите од свој џеб да плаќаат за нешто што е законска обврска на општината. Тоа е недозволиво, но во Центар стана пракса. Јас се обврзувам дека секое училиште и секоја градинка ќе има 24-часовно физичко обезбедување. Безбедноста на децата е наш највисок приоритет, вели Лабудовиќ.

Покрај оваа мерка, најавена е и иницијатива за воведување безбедни патеки до училиштата и градинките, кои ќе бидат обележани, осветлени и целосно прилагодени за децата. Целта е да се создаде сигурна и уредена средина, во која секое дете ќе биде заштитено и во училницата, и во училишниот двор, и на патот до дома.

-Ќе изградиме систем во кој родителите ќе бидат спокојни, а децата безгрижни и среќни. Безбедно дете значи спокојно семејство, а тоа е темел за модерен и одговорен Центар, додаде Лабудовиќ.

Новата мерка е дел од поширокиот план за поголема безбедност, ред и грижа за семејствата во Центар, и претставува конкретен пример дека со вистински политики општината може да стане поквалитетно и побезбедно место за живеење и за децата и за возрасните.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Имаме стабилно мнозинство и подготвен тим за ново Скопје

Следно

Студијата открива на која возраст вашиот мозок го достигнува својот врв

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување
Go toTop