АНАЛИЗА: И по Заев, Филипче: Двајцата со синови бизнисмени од 18 години. Аирлија!

October 22, 2025
1 min read

Рано утрово, македонската јавност ја расони и едро заголицка веста дека синот на Венко Филипче, претседател на СДСМ и најголем губитник на локалните избори, станал бизнисмен. На свои 18 години, се разбира. Во врхушката на СДСМ, поинаку и не бива. Примерот е кај неговиот ментор и вистински претседател на СДСМ, Заев кој во Кочани со другиот Венко завчера во визба договараше настап во втор круг. Поддршка, башка…

Имено, тинејџерот од пред точно еден месец е основач на „Демигод“, друштво за продажба на облека на мало, објави порталот Фактор.мк.

Продавницата на 18-годишниот Иво Филипче како што пишува порталот, според адресата, треба да се наоѓа на улица Њуделхиска во скопската населба „Млечен ресторан“, солидна и скапа скопска локација, одлична за добар старт на бизнисот на еден млад тинејџер бизнисмен и син на претседател на СДСМ, кој минатата година стана полнолетен, а оваа во јуни прослави матура.

Крушата под круша паѓа, вели народот. Чуму тогаш, Венко да не „падне“ под Заев. Примерот веќе го има. И синчето на Заев „стана“ бизнисмен на исти 18 години. Ок, пред 3,5 години, ама урнекот е поставен.

Во февруари, Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, запливува во водите на бизнисот, откако како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија.

Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името Тотал Енерџи со седиште во Струмица. Колку што е познато, фамилијата Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија. Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании во кои стонастотен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се Тотал инженеринг и Тотал електрик. Најпозната компанија на Заеви е Тргопродукт и фирмата-ќерка Мамас. Семејството Заеви заедно со своите партнери главно делуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија. Сега граделе во Дубаи.

Останува да се види дали Иво Филипче ќе го достигне почетниот успех во светот на бизнисот на синот на претходниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Фирмата „Тотал енерџи“ за производство на електрична енергија на Душко Заев лани имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра. Скоро милионче. Тоа се многу „евро за евро“ кај чичко Вице.

Младиот Заев фирмата ја отвори во 2022 година како 18-годишник. Во 2023 година, тој имал добивка од 39 милиони денари, односно 636 илјади евра. Дваесет и едногодишникот стана првиот од семејството Заеви кој почна бизнис со производство на електрична енергија, а по него тоа го сторија неговиот чичко, Вице и неговиот дедо, Панче Заев.

На ред е синот на Филипче. Македонската јавност со нетрпение го очекува извештајот во 2026-та за учинокот и профитот на Иво Филипче, воедно прашувајќи се, дали ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ОБЛЕКА се бизнис-отстапница за претседателот мега-губитник на изборите, кој сега ќе го облекува народот, откако 7 години го соблекуваше со Заев и екипата на Али?

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По нецели две години од непријателскиот развод таа се омажи за првиот сосед и пријател забивајќи му ноќ во грб на актерот

Следно

Рак со големина на бадем и мала светлечка ајкула, нови видови откриени во Австралија

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop