Лукровски: Карпош ќе се развива плански, ќе се формира „Карпош план“

October 21, 2025
1 min read

„Со моето избирање за градоначалник ќе престане бетонизацијата во Карпош“, истакна Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија.

Лукровски истакна дека ќе се формира ЈП „Карпош план“, кое ќе биде под целосна контрола на Општината и на граѓаните, се со цел Карпош да биде граден плански во интерес на граѓаните.

„Карпош план ми е најголема заложба, „Карпош план“ ќе донесе мир на граѓаните. Да биде гарант на нашите заложби Карпош граден плански, Карпош граден таму каде што треба. Таму каде што има простор за зеленило, каде што има простор за градинки, каде што има простор за училишта, за паркинзи, не во Карпош 4, не во Карпош 3, не згради во Влае, домување да, меѓутоа не згради. Карпош план може да функционира, не само во делот донесување ДУП-ови итн., значи ќе ни помогне во легализацијата, имаме проблем со легализациите, по 15 години луѓе чекаат за легализации, се менуваат генерации, значи стареат луѓе со проблемот на легализацијата. Така што верувам и ќе направиме моќен Карпош план“, заклучи Лукровски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: За хаосот со отпадот во Скопје, одговорност ќе понесат ДУИ, Данела и Левица

Следно

Повкусна од ајвар и малиџано: Ловечка салата која ќе му се допадне на целото семејство

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop