Детето ве вика по име наместо мама? Еве што значи тоа!

October 21, 2025
1 min read

Таквата промена често предизвикува загриженост кај родителите, кои се прашуваат дали тоа е знак на емоционално дистанцирање или само нормална фаза од растењето. Според психологот Кончита Сиси Мартин, основач на клиниката „Салуд ен Менте“, во повеќето случаи нема причина за паника.

Психологот истакнува дека постојат неколку причини зошто детето почнува да ја вика мајката по име, но тоа обично не е знак на недостаток на љубов или проблем во односот. „Тоа е природен дел од развојот и учењето. Детето почнува да разбира дека мајката не е само негова мајка, туку и личност со свое име, со карактер и живот надвор од родителската улога“, објаснува д-р Сиси.

Децата учат преку имитација. Ако често слушаат други луѓе, како што се таткото, бабата или воспитувачката во градинка, да ја викаат мајката по име, многу е веројатно и тие самите да го сторат истото. Во зависност од возраста, обраќањето по име кај детето може да биде и начин тоа да покажува желба за независност. Ова не значи дека емоционално се дистанцира, туку едноставно ги тестира своите граници и почнува да развива чувство за сопствен идентитет.

Кога треба да се загрижат родителите?

Иако на родителите може да им изгледа чудно или дури и непријатно кога нивното дете ги вика по име, ова не е причина за грижа. „Емоционалната врска не исчезнува само затоа што детето пробува нови зборови. Љубовта, безбедноста и блискоста се сè уште присутни“, вели психологот.

Меѓутоа, ако детето упорно одбива да каже „мама“, ако има проблеми со изразувањето емоции или покажува други знаци на емоционално повлекување, тогаш е препорачливо да побарате стручен совет. Во таквите случаи, треба да се исклучат можни тешкотии во развојот на емоционалната врска.

Природна фаза на истражување или знак за внимание?

Важно е да се запомни дека децата постојано го истражуваат светот околу нив, а јазикот игра голема улога во ова. Фактот дека понекогаш ќе ве викаат по име, а понекогаш мама, не значи дека ве сакаат помалку. Наместо да реагирате остро или загрижено, обидете се да разговарате со вашето дете. Прашајте го зошто ве вика по име – честопати ќе добиете едноставен и искрен детски одговор, а можеби и вреден увид во тоа како ве доживува.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас, тврди српска министерка

Следно

Кочанско-ПОДРУМСКИ-тајни СРЕДБИ?!

Latest from Blog

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат
Go toTop