(ВИДЕО) ДИК со официјални резултати: Во 33 општини ќе има втор круг на гласање

October 20, 2025
2 mins read

Во вториот круг од локалните избори 2025, граѓаните во 33 општини ќе избираат меѓу двајца кандидати кои добија најмногу гласови во првиот круг.

Во Град Скопје, во вториот круг ќе се соочат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.

Во Аеродром граѓаните ќе избираат меѓу Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски од СДСМ.
Во Боговиње Бесник Емши од НАИ и Фети Абази од Коалиција ВРЕДИ.
Во Брвеница ќе се натпреваруваат Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Хаќим Рамадани од ВРЕДИ.
Во Валандово ќе гласаат за Ѓоко Камчев од ВМРО-ДПМНЕ или Перо Костадинов од СДСМ.
Во Виница изборот е меѓу Митко Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ и Гоце Милевски од СДСМ.
Во Дебар ќе се соочат Фисник Мела од ВРЕДИ и Рамадан Имери од група избирачи.
Во Дебарца во вториот круг ќе се натпреваруваат Златко Силјановски од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Ногачески од група избирачи.
Во Демир Капија ќе избира меѓу Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ и Лазар Петров од СДСМ.
Во Дојран ќе се соочат Илија Тентов од ВМРО-ДПМНЕ и Ристо Џинев од СДСМ.
Во Долнени изборот е меѓу Блерим Ислјами од ВРЕДИ и Сашко Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Зрновци кандидатите се Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ и Панчо Митев од СДСМ.
Во Карпош вториот круг ќе го одредат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски од коалицијата „Искуство за успех“.
Во Кичево граѓаните ќе избираат меѓу Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ и Фатмир Дехари од НАИ.
Во Конче ќе се соочат Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Благој Илиев од СДСМ.
Во Кочани Влатко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ и Венко Крстевски од група избирачи.
Во Крушево кандидатите се Томе Христоски од СДСМ и Нико Чонески од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Куманово вториот круг ќе го одредат Максим Димитриевски од ЗНАМ и Горан Стојковски од група избирачи.
Во Лозово ќе се натпреваруваат Ацо Велковски од СДСМ и Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Македонска Каменица ќе избира меѓу Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Соња Стаменкова од СДСМ.
Во Македонски Брод ќе се натпреваруваат Жарко Ристески од ВМРО-ДПМНЕ и Милосим Војнески од група избирачи.
Во Могила вториот круг ќе го одредат Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Пивковски од група избирачи.
Во Неготино ќе се соочат Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Петар Мантев од СДСМ.
Во Пробиштип Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ и Драган Анастасов од СДСМ.
Во Ранковце изборот е меѓу Даниел Павловски од ВМРО-ДПМНЕ и Даниел Крстевски од СДСМ.
Во Росоман Стојан Николов од СДСМ и Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Струга, изборот е меѓу Менди Ќура од група избирачи и Арсим Далипи од НАИ.
Во Студеничани – Азем Садики од група избирачи и Ејуп Абази од НАИ.
Во Тетово, ќе гласаат за Билјал Касами од ВРЕДИ или Бајрам Реџепи од НАИ.
Во Центар, вториот круг ќе го одредат Горан Герасимовски од СДСМ и Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ.
Во Чешиново-Облешево ќе гласаат за Јорданчо Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ или Горанчо Крстев од СДСМ.
Во Чучер Сандево ќе се соочат Сашко Комненовиќ од СДСМ и Јован Пејковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Шуто Оризари, ќе гласаат за Курто Дудуш од Унија на Роми или Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Повторување на прв круг поради недоволен цензус ќе има во Маврово и Ростуше каде што ќе се соочат Онер Јакупоски (ВМРО-ДПМНЕ) и Анес Ахмети (СДСМ), потоа во Врапчиште каде за градоначалничко место се борат Исен Шабани (НАИ) и Мехмет Сефери (ВЛЕН) и во Центар Жупа каде е неизвесно помеѓу Аријан Ибраим (ДПТМ) и Инает Баки (Партија за движење на Турците во Македонија).

Во општина Старо Нагоричане, кандидатот Мирослав Славковски од ВМРО-ДПМНЕ освои точно 50 проценти од преброени 99.83 отсто од гласовите и засега е неизвесно дали ќе биде избран во првиот или ќе оди во втор круг со втторпласираниот Далибор Трајковски од СДСМ кој има 23,95 проценти.

Вториот круг од изборите ќе биде одржан на 2 ноември.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Поранешниот албански премиер Фатос Нано во сериозна здравствена состојба

Следно

Поплави во Мексико: Бројот на жртви се искачи на 76

Latest from Blog

Квалитетот на воздухот во Њу Делхи достигна опасно ниво по огнометите за фестивалот!

Квалитетот на воздухот во индиската престолнина Њу Делхи падна на опасни нивоа во вторник, достигнувајќи го најлошото во светот, според швајцарската група IQAir, делумно поради огнометите за време на Дивали, хиндуистичкиот фестивал

Кочанско-ПОДРУМСКИ-тајни СРЕДБИ?!

Заврши првиот круг од локалните избори, дел од кандидатите ја добија битката уште во првиот круг, дел одат во втор, а со тоа почна и пазарот со гласови. Втор круг ќе има

Детето ве вика по име наместо мама? Еве што значи тоа!

Таквата промена често предизвикува загриженост кај родителите, кои се прашуваат дали тоа е знак на емоционално дистанцирање или само нормална фаза од растењето. Според психологот Кончита Сиси Мартин, основач на клиниката „Салуд
Go toTop