Аморим: Ова е најважната победа за Јунајтед откако сум тука

October 20, 2025
1 min read

Голема, огромна победа за тимот на Манчестер Јунајтед зиминативо викенд. Триумф на Енфилд против вечниот ривал Ливерпул од 1:2, со кој што за прв пат октако е тренер на Олд Трафорд, Рубен Аморим победи на два последователни мечеви во Премиер лигата.

„Немам толку многу победи со Манчестер, па затоа оваа е многу важна… Мислам дека е најзначајната досега како менаџер на Манчестер Јунајтед. Втор последователен успех во Премиер лигата и на „Енфилд“,  тоа е многу важно“, рече Аморим.

„Навистина голема победа. Не игравме толку добро, но покажавме исклучителен карактер. И тоа се работите што ги барам. Овој резултат е важен и за нашите навивачи, бидејќи многу страдаа. Затоа беше важно да дојдат тука на овој стадион, на натпреварот против шампионот, против нашиот најголем ривал, за да можат гордо да пеат цело време, тоа беше нешто огромно за нас. Затоа овој успех е и за нашите навивачи“, рече тој.

„За мене, најдобро е негативните коментари за нас да продолжат. Затоа, не го менувајте тоа. Она што ни треба сега е да победиме на трет натпревар по ред, а не да размислуваме за место во првите четири, во првите шест. Јасно е дека мора да играме во Европа. Но, оваа победа не менува ништо. Ние сме истиот тим што бевме пред овие 90 минути. Не сме се промениле. Сè уште имаме многу работа. Имавме и среќа во одредени моменти. Но, покажавме и одличен дух. Мораме да го пренесеме тоа во нашиот следен натпревар. Целта останува иста“, додаде Аморим

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Подземниот град“ на Тито во Далмација – денес туристичка атракција

Следно

Во Србија во 2024 година, 37.000 жители помалку од претходната, природниот прираст останал негативен

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop