Чаби Алонсо го отпиша трофејниот играч, ќе мора да го напушти Реал Мадрид

October 17, 2025
1 min read

Германскиот стопер Антонио Ридигер ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната 2025/26, кога му истекува договорот, пишува германскиот „Билд“. Ридигер (32) пристигна во шпанскиот клуб во 2022 година како слободен агент од Челзи, а во изминатите три сезони беше еден од клучните играчи во одбраната, пишува „Дејли меил“.

Искусниот дефанзивец одигра 157 натпревари за Реал и освои осум трофеи, но оваа сезона падна во втор план под водство на тренерот Чаби Алонсо. Германските медиуми објавуваат дека Алонсо не е задоволен од формата и физичката подготвеност на Ридигер, особено поради низата мали повреди што го следат во последните сезони.

Ридигер моментално е надвор од теренот поради повреда на бутот што ја заработи на почетокот на септември. Дополнителна причина за разделба е високата плата на Ридигер од над 10 милиони евра по сезона, што клубот го смета за превисоко за играч кој не е во преден план.

Веста за можно заминување доаѓа неколку месеци по инцидентот на тренинг во кој Ридигер се судри со соиграчот Џуд Белингам. Судирот се случи за време на тежок период минатата сезона, кога Реал на крајот заврши како второпласиран во Ла Лига и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

За време на неговата кариера, покрај Реал и Челзи, Ридигер играше и за Штутгарт и Рома, а имаше 81 настап за германската репрезентација.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски повикува: Поддржете го континуитетот и развојот на Битола

Следно

Во Србија се преврте автобус полн со патници- најмалку двајца загинати

Latest from Blog

Поради дефект без парно дел од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда

ЕСМ Снабдување со топлина информира дека поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и

Џина Лолобриџида

Џина Лолобриџида, родена на 4 јули 1927 година во Субиако, мало планинско гратче во близина на Рим, беше една од најголемите ѕвезди на европскиот и светскиот филм во 1950-тите и 1960-тите години.

Јунајтед е господар во Манчестер (ВИДЕО)

Тимот на Манчестер Јунајтед е победник во големото градско дерби кое што предмалку заврши. Триумф од 3:0 над тимот на Сити, на легендарниот Олд Трафорд, каде што Јунајтед одигра речиси перфектен меч

Новата пирамида на исхрана: Речиси целосно обратна од досегашните препораки

Во САД овој месец беа објавени новите „Диететски упатства за Американците 2025-2030“ (‘Dietary Guidelines for Americans’ – ДГА). За разлика од претходните, подолги и бирократски документи, новите правила се на само околу 10
Go toTop