Здравствениот дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип го доби најсовремениот ултразвучен систем

October 15, 2025
1 min read

Во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ денеска беше презентиран новиот специјализиран ултразвучен (ехо) дијагностички систем, набавен со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Посетата на установата ја извршија директорот на Фондот за здравствено осигурување, г. Сашо Клековски и заменик-министерот за здравство, г. Јовица Андовски, кои заедно со директорот на Здравствениот дом, д-р Маријан Миленковски, го презентираа новиот апарат со најсовремени стандарди и технологии во дијагностиката.

Овој ултразвучен систем претставува најнова генерација на медицинска опрема, која располага со три сонди – конвексна, линеарна и кардиолошка, овозможувајќи врвна прецизност при кардиолошки, интернистички и невролошки прегледи.

 

„Ова е историски ден за Пробиштип. Ваква инвестиција во здравството – со технологија од највисок ранг и директна корист за пациентите – досега не сме имале,“ истакна д-р Миленковски, додавајќи дека во наредните месеци ќе се одржат и сертифицирани обуки за лекарите специјалисти, со цел професионално и ефикасно користење на новата опрема.

Дополнително, во тек е и испораката на дигитализер за рендген апаратот, кој ќе овозможи дигитални прецизни рендгенски слики и значително пократко време на обработка на резултатите. Новата технологија ќе биде инсталирана и ставена во функција во текот на следниот период.

Овие набавки се дел од континуираните напори за модернизација на здравствената инфраструктура и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, но и за обезбедување поквалитетни, побрзи и подостапни здравствени услуги за сите граѓаните на Пробиштип.

„Фондот продолжува со конкретни инвестиции во здравството во сите општини, затоа што секој граѓанин заслужува современа и навремена медицинска услуга,“ изјави директорот Клековски.

Со оваа набавка, Здравствениот дом „Нада Михајлова“ станува еден од технолошко опремените домови на примарно здравство во источниот регион – уште една потврда дека со одговорно и домаќинско управување, здравството во Пробиштип оди напред.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хегсет побара од сојузниците на НАТО да обезбедат повеќе средства за американско оружје за Киев

Следно

Божиновска: АФД официјално партнер на Инвестициската платформа за енергетска транзиција

Latest from Blog

Њујорк Тајмс: ТРАМП ГО ПОТЦЕНИ ИРАН, СЕГА ВЛАДАТА НЕ ГО ЗНАЕ ИЗЛЕЗОТ ОД ВОЈНАТА

Трамп ги потцени Иранците. Вашингтон не очекуваше дека нападот врз Иран ќе доведе до сериозно зголемување на цените на нафтата и гасот на светските пазари, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на

Трајановски и Чен Чен го потпишаа Анексот број 8 од Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

По потпишувањето на Анексот број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид од страна на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски и од вицепремиерот и

Катни гаражи, кружен тек… градската каса потешка за 166 милиони денари

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на буџетот со кој се зголемуваат средствата за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Според скопскиот градоначалник,

„Финалисима“ се сели од Катар во Мадрид

Дуелот помеѓу европскиот шампион Шпанија, и јужноамериканскиот Аргентина, кој што требаше првично да се одигра во Катар на 27 март, на стадионот Лусаил, поради новонастанатата ситуација ќе се пресели најверојатно во Шпанија,
Go toTop