Словачкиот претседател Петер Пелегрини во посета на скопско средно училиште СУГС „Марија Кири – Склодовска“

October 15, 2025
1 min read

Петер Пелегрини, при официјалната посета на Македонија, денеска го посети и средното училиште – СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје во општината Аеродром, каде присуствуваше на еден од наставните часови по практична настава, а на кој учениците го прикажаа своето знаење и стручни вештини.

Следејќи го процесот на преработка на био отпад и масло во био дизел, којшто го работеле учениците на часот по практична настава, директорот на училиштето Дарко Спасев и словачкиот претседател разговараа за сличностите и разликите во образовниот процес во двете држави, а оставиле и простор за идна соработка меѓу ова училиште со соодветни образовни институции во Словачка.

Директорот на училиштето Дарко Спасев објавувајќи фотографии од посетата не го криеше задоволството од посетата.

-Оваа посета за нас претставува голем настан и чест, а тоа е потврда дека трудот на наставниците и успесите на учениците се препознаени и ценети од меѓународните партнери. Посетата остави пријатни впечатоци и се почувствува топлината и ентузијазмот со кои нашите ученици и наставници ја граделе оваа заедница на знаење, пријателство и почит, објави директорот на СУГС „Марија Кири – Склодовска“ во Скопје, Дарко Спасев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изет Меџити: Нема повеќе нелегален отпад, нема компромис со загадувањето

Следно

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде град достапен и инклузивен за лицата со оштетен вид

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop