Зелена транзиција во акција: Mинистерскиот состанок во Дубровник ја потврди посветеноста на регионот

October 15, 2025
1 min read

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, во рамки на повеќе панел дискусии, говореше на Вториот годишен министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан, кој се одржа од 14 до 15 октомври 2025 година во Дубровник, Република Хрватска.

На состанокот учествуваат министри од сите земји од Западен Балкан, претставници на Европската комисија, земјите-членки на ЕУ, регионални организации, меѓународни партнери и граѓанското општество. Главната цел беше да се процени напредокот на Зелената агенда за регионот и да се утврдат конкретни мерки за следната фаза од нејзината имплементација. Изгласана е Декларација со која се зајакнува регионална координација за усогласување со Европскиот зелен договор. Наменската сесија за координација и финансирање на донаторите ќе се фокусира на инвестициските потреби и можностите за забрзување на зелената транзиција на регионот.

Во своето обраќање, Лашкоска потенцираше дека нашата држава ја гледа зелената трансформација како процес кој влијае директно врз квалитетот на животот на граѓаните. Таа истакна дека државата, во рамки на своите финансиски капацитети, континуирано вложува во чист воздух, заштита на реките и шумите, управување со отпадот и во едукацијата на младите, како клучни активности кои овозможуваат реално подобрување на животната средина. Министерството за животна средина и просторно планирање, според нејзините зборови, не само што ги усогласува своите политики со европските стандарди, туку активно учествува во регионалната соработка со цел воспоставување на практични и ефективни решенија за заштита на природата.

Дискусиите исто така се фокусираа на финансирањето и инвестициските потреби за забрзување на овие процеси, со цел земјите од Западен Балкан да можат да ги реализираат своите проекти за одржлива енергија, инфраструктура и зачувување на природните ресурси.

Лашкоска подвлече дека успешната имплементација на Зелената агенда зависи од активно вклучување на граѓаните, особено младите, преку едукација и практични акции за заштита на животната средина. Таа истакна дека овие иницијативи не само што го подобруваат квалитетот на животот, туку и создаваат култура на одговорност кон природата и идните генерации.

„Нашата држава останува посветена на создавање одржлива и чиста животна средина. Нашата работа се темели на конкретни политики, регионална соработка и активно вклучување на граѓаните, со цел забрзан, но одржлив економски развој и заштита на биодиверзитетот и природата за идните генерации“, рече Лашкоска.

Настанот во Дубровник, покрај размена на искуства и стратегии за регионално справување со пластичниот отпад и климатските промени, ја потврди и посветеноста на нашата држава и целиот регион, да работат заедно на конкретни мерки и проекти кои обезбедуваат зелена и одржлива иднина.

Министерството за животна средина и просторно планирање продолжува со целосна посветеност на зелените политики и климатската отпорност, градејќи основа за одржлив развој кој долгорочно ќе обезбеди почиста, поздрава и поодржлива животна средина за сите граѓани.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИМА БУКВАЛНО СЕ: МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ИМОТ, КАРИЕРА И ДЕПРЕСИЈА: „Кога работите стануваат страшни…“ (ФОТО)

Следно

Дневен хороскоп за 15 октомври 2025 година

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop