Вкупно 1.341 набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025
2 mins read

Локалните избори што ќе се одржат в недела на 19 октомври ќе ги следат 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни, како и двајца странски новинари. Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК.

Доставата на доверливиот изборен материјал, како што истакна претседателот на Комисијата Борис Кондарко, се врши под целосно и постојано обезбедување од страна на МВР, според однапред усвоен и предвиден план и процедури, кои се надлежни да ги применуваат овластените лица од МВР. Материјалот ќе биде соодветно чуван и обезбедуван и пред денот на гласањето, после гласањето, транспортот, повратно до ОИ и ДИК.

-Во четврток ќе бидат доставени избирачките списоци и сите гласачки ливчиња до сите општински изборни комисии, додека в петок ќе бидат доставени уредите за биометриска идентификација од страна на нас, како членови на ДИК заедно со вработените и сите други лица кои се овластени и ангажирани од ДИК до сите општински изборни комисии во државата, истакна Кондарко.

Во врска со планот за работа на ДИК, тој појасни дека по објавувањето на првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат, кои ќе се објавуваат сукцесивно во живо во текот на изборната вечер, по завршување на гласањето, наредниот ден на 20 во понеделникот, ДИК направила план за прием и достава на оригиналниот изборен доверлив материјал, сите записници од избирачките места и сите записници од утврдувањето на резултатите од гласањето од страна на општинските изборни комисии.

– Во понеделникот од раните утрински часови во определени групи ќе доаѓаат општинските изборни комисии и ќе ги предаваат оригиналните записници овдека во ДИК по што од наша страна ќе биде организирана соодветна проверка. Кон крајот на денот, односно во понеделникот вечерта ДИК ќе ги објави и првичните официјални резултати врз основа на писмените оригинални записници од секое избирачко место и од секоја општинска изборна комисија, истакна Кондарко.

За сите поединости на изборниот процес јавноста ќе биде информирана, а на денот на изборите на секој два часа ќе се соопштува излезноста на гласањето по општини.

На седницата беа прифатени и барања за набљудување на локалните избори поднедени од домашни и меѓународни организации пристигнати меѓу две седници на ДИК. Барање за 30 набљудувачи, како што информира членот на ДИК Светлана Карапетрова, имало од амбасадата на САД во Скопје. Турската државна телевизија имала барање за двајца новинари, Здружение вејк ап дополнување од 51 набљудувач, Национален ромски центар и Сојузот национален совет за родова рамноправност дополнување барале дополнување на барањата со по еден набљудувач.

-Врз основа на ова акредитираните набљудувачи ќе добијат овластувања и беџови за идентификација кои задолжително треба да ги носат со себе при посета на избирачките места. Секој овластен акредитиран набљудувач мора да го почитува кодексот за правилата за набљудување на изборите и изборната постапка донесен од ДИК, рече Карапетрова.

Според неа, до ДИК пристигнале барања за вкупно 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни и двајца странски новинари

На денешната седница на ДИК беа разгледани приговори поднесени од гласачи, одбиени од општинските изборни комисии по барање за гласање во домашни услови како болни и немоќни лица. Дел од барањата беа прифатени, а дел одбиени како неосновани. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тејлор Свифт најави документарец за турнејата „Ерас“

Следно

Москера ја менува Шпанија со Колумбија

Latest from Blog

13 затвореници пронајдени мртви во еквадорски затвор

Најмалку 13 затвореници беа пронајдени мртви во неделата во јужен еквадорски затвор, кој беше потресен од насилство во последните месеци, соопшти затворската служба SNAI во понеделник. Телата беа пронајдени откако експлозивна направа

Премиерот Мицкоски утре на увид во градежните активности на мултифункционалниот центар во општина Аеродром

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и уредување на новиот мултифункционален центар во општина Аеродром. Комплексот се наоѓа во близина на

Жена го шокира Холивуд: Тврди дека ѝ е мајка на Мајли Сајрус, вели дека ја родила на 12 години

Откако деталите станаа јавни, Били Реј Сајрус проговори. Тврди дека ја родила Мајли кога имала само 12 години Според странските медиуми, жена по име Џејми Ли поднела тужба во мај, тврдејќи дека

ЛШ: Олимпијакос со гостинска победа кај Каират

ФОТО: Olympiacos FC/FB Олимпијакос го победи Каират во Астана со резултат од 1:0 во натпревар од шестото коло на Лигата на шампионите. Избраниците на Хозе Луис Мендилибар вечерва го фатија последниот воз
Go toTop