Зеленски: Трамп ми кажа дека ќе го сопре Путин пред да се постигне прекин на огнот на Блискиот исток

October 13, 2025
1 min read

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп му рекол оти планира да ја запре војната во Украина пред да постигне прекин на огнот на Блискиот Исток, но дека војната во Украина е „потешка и поголема“ отколку во Газа.


„Во телефонски разговор му честитав на Трамп за прекинот на огнот на Блискиот Исток , тоа е голем успех за него и за Соединетите Американски Држави. Тој ми рече многу искрено дека мисли дека ќе може да го запре Путин пред да постигне прекин на огнот на Блискиот Исток“, рече Зеленски во интервју за „Фокс њуз“.

Тој додаде дека се согласува со Трамп дека ситуацијата во Украина е потешка отколку во Газа.


„Тој навистина рече дека војната во Украина е потешка и поголема. Тоа е разбирливо. Ова е војна од целосен обем . Не ги споредуваме жртвите, бидејќи боли насекаде во светот. И не сакам да споредувам, но имаме голема војна. А Русија е голема сила, навистина голема сила. И тие ја започнаа првата операција пред повеќе од 10 години. Ова е навистина многу тешка ситуација“, рече Зеленски.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Го славиме Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Следно

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop