Бајовски: Во првите 100 дена расчистување на 32 диви депонии во Општина Чучер Сандево

October 12, 2025
1 min read

Триесет години Општина Чучер Сандево беше оставена на страна, ограбувана од оние кои гледаа само лична корист. Чучер Сандево како да беше привилегирана фирма на поединци сите овие години, истакна на денешниот митинг кандидатот за градоначалник на Општина од  ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Бајовски.

Бајовски, кој воедно е и првиот кандидат за градоначалник на Чучер Сандево директно од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека општината е со најголем еколошки потенцијал, чист воздух и живот.

-Во моментов на територија на Општина Чучер Сандево има 32 диви депонии, приоритет ќе биде уште во првите 100 дена да ги расчистиме. Имаме конкретен план и стратегија за измени во функционирањето на комуналното претпријатие, собирање на комуналниот отпад се со цел да останеме еколошки чисти, нагласи Бајовски.

Тој посочи дека планирана е набавка на три противпожарни возила и формирање на доброволно противпожарно друштво.

Како дел од проектите кои Бајовски ги планира во Општината се патишта, водовод и канализација за достоинствен живот на секое домаќинство, ефикасно улично осветлување, социјална правда за сите категории, подобра здравствена заштита на сите граѓани, бесплатен одмор за сите деца од социјално ранливи групи.

Најави и формирање на бизнис клуб, општински координатор за земјоделие и јавно планирање, како и координатор туризам на Скопска Црна Гора, бидејќи како што посочи, општината има голем туристички потенцијал.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Невладините организации се мост меѓу локалната власт и граѓаните

Следно

Македонија против Казахстан: Бесплатен влез за младите фудбалери и ученици

Latest from Blog

Фалсификувале документи за бугарско потекло уапсени се администраторот на Острени областа Голо Брдо и неговиот претходник (ВИДЕО)

Полицијата во Дебар успешно заврши акција против фалсификување во државни органи, со цел добивање бугарски пасоши од албански граѓани. Се известува дека сегашниот администратор на административната единица Острени областа Голо Брдо, Ндричим

Бучим со поддршка за едукативната иницијатива „ Ecologically Speaking“ за зајакнување на еколошката свест кај младите

Во рамки на стратешката заложба за поддршка на образованието и локалната заедница, рудникот за бакар Бучим ја поддржа реализацијата на младинскиот едукативен формат „Late Night ECO / Ecologically Speaking“. Овој проект е

Коњановски: Во Битола се гради модерна противпожарна станица што ќе го покрие целиот регион

Во Битола е во завршна фаза изградбата на нова, современа противпожарна станица која ќе ги унапреди условите за работа на пожарникарите и ќе овозможи побрз и поефикасен одговор при интервенции во градот
Go toTop