Тројца катарски дипломати загинаа во Египет на пат кон самитот за Газа

October 12, 2025
1 min read

Тројца катарски дипломати загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Египет, објави Асошиејтед Прес (АП), повикувајќи се на официјални лица во Каиро.


Жртвите биле членови на протоколарната служба на катарското Министерство за надворешни работи, пренесува агенцијата. Нивниот автомобил се судрил со камион на околу 50 километри од Шарм ел Шеик, додека патувале кон египетското одморалиште каде што е закажан меѓународен самит за прекин на огнот во Појасот Газа за 13 октомври.

Хамас изрази сочувство до Катар поради трагедијата и ги пофали, како што е наведено, „напорите на Доха за посредување за прекин на конфликтот во Газа“.


Несреќата се случи во пресрет на спроведувањето на новиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој стапи на сила напладне по локално време на 10 октомври. Договорот е резултат на дипломатските иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи го и неговиот мировен план од 20 точки за стабилизирање на регионот.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оставаат сè за утре: Хороскопски знаци кои сакаат да ги одложуваат обврските

Следно

Коњановски: Октомври нека биде потсетник дека превенцијата спасува животи

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop