Рекорден интерес за батериски системи и обновливи извори на енергија во Македонија

October 12, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби голем број иницијативи за изградба на нови ветерни, соларни и гасни електрани со вкупен капацитет од 7.100 мегавати, како и за батериски системи за складирање енергија – самостојни и ко-лоцирани со електрани – со вкупна оперативна моќност од 4.172 мегавати.

Министерката Сања Божиновска изјави дека меѓу поднесените иницијативи има и проект за когенерациска гасна електрана од 495 мегавати, но дека документацијата е многу обемна и сè уште се анализира. Таа потсети дека Владата веќе потпиша меморандум за разбирање со турската компанија Kazancı Holding за реализација на вакви проекти.

Инвеститорите доставиле предлози за ветерни паркови со вкупен капацитет од 1.590 мегавати и придружни батериски системи со 402 мегавати моќност и 1.080 мегаватчаса капацитет. За соларни електрани поднесени се иницијативи со 5.052 мегавати, проследени со батериски системи со 1.174 мегавати моќност и 3.018 мегаватчаса складиштен капацитет. Покрај тоа, инвеститорите предложиле и изградба на самостојни батериски постројки со вкупно 2.596 мегавати и 3.094 мегаватчаса капацитет.

Божиновска нагласи дека овој интерес претставува позитивен сигнал за довербата на инвеститорите во македонскиот енергетски сектор, но дека најважно е доставената документација да биде комплетна и валидна. Таа потсети дека со новиот Закон за енергетика е воведен годишен план за изградба на приоритетни енергетски проекти.

Рокот за поднесување на проектите за странските инвеститори беше 1 октомври, а Министерството доби голем број апликации кои ќе бидат детално разгледани во наредниот период.

Во меѓувреме, компанијата YESS Power планира следниот месец да го пушти во употреба првиот голем батериски систем за складирање енергија во Македонија, со капацитет од 60 мегавати – проект кој ќе биде прв од овој вид во целиот регион на Западен Балкан.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србите ќе бидат остро казнети за нивното скандирање откако Манај им покажа двоглав орел

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop