По притисокот на јавноста: Борче Марковски, сопственикот на „Марковски компани“ оди во затворски притвор, НЕ ДОМАШЕН

October 11, 2025
1 min read

Кривичниот совет на Основниот суд во Битола го преиначил решението на судијата на претходна постапка по жалбата на ЈО заради ризиците од бегство, и на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, му определи мерка затворски притвор во траење од 30 дена, објавија неколку медиуми.

Со претходната судска одлука се предвидуваше двајца од осумтемина осомничени за истрагата во врска со злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ во 2023 година, да одат во куќен притвор.

„Кривичниот совет го преиначи решението на судијата на претходна постапка и спрема едно лице, место мерката куќен притвор, определи мерка притвор во траење од 30 дена, поради постоење на основите предвидени во член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривичната постапка, за продолжено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство“ од член 275-в став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик“, информираа од Судот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на жените кои ја движат економијата и инспирираат промени

Следно

КОГА СИ БОГАТ, БЕЗОБРАЗЕН И ИМАШ ПОРШЕ ПА ТИ СЕ БРЗА – градиш тунел под градот

Latest from Blog

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во

Проданоски: 10 години „Гентерм“ во Прилеп – инвестиции, работни места и нови можности

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп. По тој повод, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека компанијата во изминатата деценија прераснала во
Go toTop