Градоначалникот на Бутел, Костовски, денеска беше пречекан на чај од олимпискиот шампион Шабан Трстена (ВИДЕО)

October 10, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел и воедно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, објави видео од неговата средба со легендата на македонскиот спорт и почесниот граѓанин на Бутел, Шабан Трстена.

Во пријателска атмосфера, за време на симболичен чај, Костовски ја изрази својата благодарност и почит кон олимпискиот шампион, нагласувајќи дека Трстена е гордост не само на Бутел, туку и на цела Македонија.

„Голема чест е да имаш сограѓанин како него, шампион кој со својот труд и талент го издигнал нашиот знаме на најголемите светски сцени. Шабан Трстена е симбол на посветеност, дисциплина и успех,“ изјави Костовски.

Костовски потсети дека Општина Бутел оваа година го прогласи Трстена за Почесен граѓанин, оценувајќи го како „спортист на векот“ и инспирација за младите генерации.

„Искрена благодарност за топлиот прием и за примерот што секојдневно ни го дава. Ваквите шампиони се национално богатство,“ додаде Костовски.

Според Костовски, Бутел е општина на успешни луѓе, кои со својата работа и вредности го прават името на државата препознатливо низ целиот свет. Овој негов гест се смета за уште еден доказ за неговата посветеност во промовирањето на истакнатите личности од заедницата и зајакнувањето на локалната гордост.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Никол Кидман за болката по разводот: Знам дека ќе го надминам ова

Следно

Се огласи д-р Кузмановски: Изразувам длабоко каење и се извинувам

Latest from Blog

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop