Меџити го предизвикува Бујар Османи: Земи кого сакаш, Али Ахмети, Артан Груби, ПР агенциите и дојди на телевизиски дуел (ВИДЕО)

October 9, 2025
1 min read

На митингот на коалицијата ВЛЕН за локалните избори во општина Арачиново, еден од лидерите на коалицијата и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, одговори на изјавите на неговиот противкандидат Бујар Османи, повторно повикувајќи го на јавно соочување пред граѓаните.

Меџити дополнително истакна дека неговиот противник, откако видел дека губи терен, се обидува со задоцнето глумење да создаде лажен впечаток.

„Толку се контрадикторни и не знаат што зборуваат. На почетокот на кампањата јавно го повикав мојот противкандидат да излеземе на телевизиски дуел, да се соочиме, затоа што ВЛЕН донесе конкуренција меѓу Албанците, конкуренција на албанската политичка сцена, конкуренција во идеи, во програми. Нека биде тоа политичка трка, кој ќе направи повеќе за Арачиново, кој ќе направи повеќе за Чаир, за нашите општини. А неговиот одговор беше: Јас ќе излезам на дуел со Мицкоски, не со овие! А вчера и завчера го слушнав, откако виде дека ја губи битката и нема што повеќе да изгуби, отиде и глумеше пред МРТВ, „Еве дојдов, Изет не дојде“. Му одговорив и писмено, но ќе го искористам и оваа место, Арачиново, непокорената тврдина, за да му порачам: Бујар, избери го местото, избери го медиумот, сам, заедно со Али Ахмети, со Артан Груби, со твојот тим, со ПР агенциите што ги имаш, ајде во кој сакаш медиум, на мегдан, на плоштад, каде што сакаш, таму ќе дојдам. Ќе ги соочиме нашите политички аргументи, нашите идеи, нашите проекти, нашата програма, нашата визија,“ изјави првиот вицепремиер Изет Меџити, воедно и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Бен Афлек ѝ го украде шоути на Џеј Ло- зборува шпански подобро од поранешната сопруга (ВИДЕО)

Следно

Пецаков: Општина Охрид докажа дека промената е можна

Latest from Blog

Млада американска пејачка е убиена во заседа

Пејачката позната по нејзиното уметничко име Делароса била застрелана во престрелка во Лос Анџелес, објави Индипендент. Двајца други лица се критично повредени. Смртоносната престрелка се случила во мирната населба Нортриџ во долината

Продадена е куќата, во која пораснал мафијашот Ал Капоне- некој платил 5,82 милиони долари (ФОТО)

Петкатната куќа, која беше понудена на аукција за 6,25 милиони долари во април, била подложена на обемни реновирања, објави Њујорк Пост. Започна во бандата Фајв Поинтс Ал Капоне, роден во Бруклин, се

ЛШ: Челзи и зеде „мерка“ на Барса, Јуве конечно победи, Пеп се „коцкаше“ и загуби (ВИДЕО)

Челзи ја совлада Барселона со високи 3:0 во вечерашното дерби на 5. коло во Лигата на шампионите. Лондончани покажаа повеќе желба да дојдат до победата и на крајот сосема заслужено ја остварија

Светот има нов најнаселен град

Главниот град на Индонезија, Џакарта е на врвот на ранг-листата како град со најмногубројно население. Џакарта го презеде приматот од Дака, главниот град на Бангладеш. Проценката е дека во Џакарта живеат неверојатни
Go toTop