Мицкоски: Има политичари кои живеат ОД Македонија и граѓаните, а ние живееме ЗА државата и народот

October 9, 2025
1 min read

На денешниот народен митинг во Зелениково во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека политичките противници СДС ДУИ и Левица не извлекоа поука од поразот на минатите избори, се нереформирани и заробени во миантото и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто е за развој и напредок на државата.

„Политичките противници не извлекоа резултати од претходните избори и продолжија по она старото како до сега. Така и се однесуваат во оваа кампања за мене можеби малку чудно, несвојствено од првиот ден на почетокот на оваа кампања почнаа со црна кампања со напади врз мене, врз луѓето кои се дел од раководството на партијата врз кандидатите и идни градоначалници со ниски страсти еден од перјаниците на таа кампања на СДС денеска ќе напише дека голем штос во оваа кампања би било да го најдат исецкано моето тело во оние куфери кои што се обидоа неколкумина да ги постават во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ а потоа да пријават дека има подметнато бомба во текот на вчерашниот ден и на тој начин тие мислат дека ќе не оттргнат од реалните проблеми дека ќе не оттргнат од планот и амбицијата кој што ја имаме да испорачаме за граѓаните бидејќи нашето место е овде пред граѓаните и за граѓаните. Има политичари кои живеат од Македонија и од граѓаните и има политичари коишто живеат за Македонија и граѓаните“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на овие локални избори има две понуди едната опција СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трета опција нема.

„На овие избори имаме такви две понуди секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Од една страна имаме полуформална коалиција СДС-ДУИ и Левица, а од друга страна е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Првата опција на СДС, ДУИ и Левица е понуда која што се обединила исклучиво поради еден интерес, а тоа е повторно со трик, лага, конструкција да се обидат да дојдат на власт и потоа да уживаат од она коешто граѓаните го создаваат во државата. На грбот на граѓаните и Македонија. Втората причина е патолошкиот гнев кој го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Првата опција е нереформирана, втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која изминатите 15 месеци покажа и докажа дека со напорна работа и чесна работа дека голем дел од децениските проблеми успева да ги реши“, кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија.

„Изминатите 15 месеци понудивме план и визија како да ја развиваме Македонија. Или ќе избереме опција во која што се враќаме назад опција која Венко, Димче и Ахмети ќе не врати назад во минатото или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек. На 19 октомври да гласаме за бројот 9“, заклучи Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вистината зошто можеш да доживееш оргазам без ејакулација и зошто тоа не е иста работа

Следно

Еден работник во комунална компанија загина, а тројца се тешко повредени во рускиот напад врз Херсон

Latest from Blog

Седел четири дена на стол за тетовирање и трпел огромни болки- резултатот ги подели мислењата (ФОТО)

Фотографиите од тетоважата, која стана хит на интернет, привлекоа внимание не само поради нејзиниот исклучителен уметнички квалитет, туку и поради неверојатната издржливост на клиентот, објави Слободна Далмација. „Не знам како го издржа

Ѓорѓиевски: Ова е битка за иднината на Скопје, битка за враќање на надежта и достоинството на сите скопјани

Тука од каде што започна сѐ – дома, во МОЈАТА Кисела Вода и мојот народ! Јас немам зборови за да ви ја искажам мојата благодарност, едноставно се поклонувам пред вас мои сограѓани.

Ѓорѓиевски од Кисела Вода: Време е моделот на успех да го пренесеме на целиот град

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва од Кисела Вода — општината каде што, како што рече, „сè започна“ — ја одржа својата прва голема промотивна средба со граѓаните. Пред

Мастантуоно за споредбите со Јамал: “Тој е одличен играч, но јас сум фокусиран на својата игра“!

ФОТО: Real Madrid FC/FB Франко Мастантуоно во целост ги оправдува средствата кои Реал Мадрид ги вложи во него. Младиот Аргентинец не ретко оваа сезона е стартер кај “кралевите“, игра добро, фановите на
Go toTop