Европа под хибриден притисок: Русија подготвена да нападне европска земја во рок до 5 години

October 8, 2025
1 min read

Во обраќањето пред европратениците, Фон дер Лајен истакна дека серијата инциденти – од дронови над воени бази, до упади во воздушниот простор – не се случајност, туку дел од координирана стратегија за дестабилизација на Европа.


„Еден инцидент може да биде грешка, два случајност, но три, пет, десет – тоа е насочена кампања против Европа. Мораме да реагираме, да истражиме секој случај и да не се плашиме да ја посочиме одговорноста, затоа што секој сантиметар од нашата територија мора да биде безбеден“, вели претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека се работи за организирана хибридна војна чија цел е да ја ослаби поддршката за Украина и да ја подели Унијата.


„Ова не е случајно вознемирување, туку координирана кампања да ги вознемири нашите граѓани и да ја тестира нашата решителност. Време е да го наречеме со вистинското име – ова е хибридна војна“, вели претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Европската комисија подготвува план до 2030 година за зајакнување на европската одбрана, кој ќе вклучува развој на т.н. „ѕид од дронови“ – систем за откривање и неутрализирање беспилотни летала. Планот ќе биде доставен до лидерите на 27-те земји-членки за одобрување.


Според проценките, Русија би можела да биде подготвена за напад врз некоја европска земја во рок од 3 до 5 години.

Фон дер Лајен заклучи дека Европа мора не само да реагира, туку и да одвраќа – затоа што секое колебање ја проширува „сивата зона“ на нестабилност.

„Изборот е јасен – или ќе отстапиме и ќе дозволиме заканите да ескалираат, или ќе им се спротивставиме со единство, одвраќање и решителност“, вели претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Во последните недели, европските лидери, меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, повикаа на поагресивен одговор – вклучително и соборување на дронови што ќе го нарушат европскиот воздушен простор.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕМЕЈНА, А НЕ ПОЛИТИЧКА ДРАМА: Уапсена сопругата на Шаини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

Следно

Лапорт е новото име во составот на Шпанија

Latest from Blog

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се
Go toTop