Фестивалот „Литера“ распишува конкурс за илустрација за деца

March 10, 2023
1 min read

Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ распишува конкурс за авторски илустрации на тема „Свет со љубов“. Сите заинтересирани илустратори може да се пријават со не помалку од 2, а не повеќе од 5 авторски дела – илустрации за деца. Конкурсот е отворен до 30 април.

Од пристигнатите дела ќе бидат избрани петмина илустратори. Тие заедно со повеќе реномирани илустратори од регионот ќе учествуваат на годинашното петто издание на фестивалот „Литера“ што ќе се одржи во мај во Музејот на современата уметност во Скопје.

Изложбата наесен ќе патува и во Загреб, во македонскиот Културно-информативен центар.
Сите заинтересирани автори своите дела со куса биографија (на една страница) да ги пријават на имејл адресата: [email protected] со назнака: За конкурсот на „Литера“. Селекцијата ќе ја прави комисија, а победниците ќе бидат соопштени најдоцна до 8 мај.

Фестивалот „Литера“ минатата година прв пат организираше изложба на македонска современа илустрација, во рамките на фестивалот на детска сликовница „Овца во кутија“, што се одржа во истарскиот град Пазин. Изложбата доби одличен одѕив и одушевување на публиката и критиката. Фестивалот и во своето петто издание годинава ќе понуди богата програма фокусирана на илустрацијата и литературата за деца.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Навивачи го провоцираа Роналдо скандирајќи го името на Меси

Следно

Донаторска конференција на ЕУ за Туркије и Сирија на 20 март

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop