За убиството на судијата во Апелацискиот суд во Тирана уапсени три лица, скенерот сигнализирал присуство на метал, обезбедувањето не реагирало

October 7, 2025
1 min read

Преку соопштение за медиумите, полицијата објави дека обезбедувањето во судницата не презело никакви мерки за физички претрес на чичкото и внукот Ѓон и Елвис Шкамби, иако уредот за скенирање (детектор), во моментот кога влегле во судницата сигнализирал присуство на метал.

Покрај Елвис Шкемби, кој пукаше во судницата и неговиот чичко Ѓон Шкамби, како соучесник, уапсен е и Бануш Коџај, вработен во обезбедувањето во судот кој не само што не ги контролирал туку не ги евидентирал во соодветната книга, каде што мора да бидат евидентирани сите лица што влегуваат и излегуваат од просториите на судот, стои во соопштението.

Во судница на Апелацискиот суд во Тирана, со огнено оружје, беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој беше застрелан со три куршуми вчера во 15:30 часот, во моментот кога почна да ја чита одлуката. Беше транспортиран во клиниката за трауматологија во Тирана, но кусо потоа подлегна на здобиените повреди. Во инцидентот беа повредени и две други лица, кои се вон животна опасност.

Случајот се однесувал на сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар каде што живееле 31 семејство, но која според нивните изјави иако имале документ за сопственост на становите, Шламби со фалсификувани документи, објектот и површината околу, ги приватизирал.

Судијата Калаја(62) бил познат по неговата коректност и правичност и е еден од судиите кои го минале процесот на проверка (ветинг). Татко е на две возрасни деца, неодамна добил внук, а пред да биде убиен на колегите со посебна радост им соопштил дека набрзо ќе има свадба за неговата ќерка.

– Ќе ја мажам ќерката. Многу сум среќен. Со нетрпение го чекам денот, биле последните зборови на судијата со колегите.

Поради настанот повеќе судови во земјата неколку дена ја прекинале работата, а пленарната седница на Парламентот пратениците ја почнаа со едноминутно молчење.

Како што објави Топ чанел, Калаја ќе биде погребан во родниот град Скадар. Погребната церемонија, ќе се одржи на 8 октомври во Конгресната палата во Тирана, бидејќи ќе биде погребан со државен протокол.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Капело: Јуве – Милан? Неверојатно здодевно!

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop