Велика Британија не е единствената земја која воведе дигитални лични карти – има уште 15, а некои се и во Европа!

October 7, 2025
3 mins read

Кон крајот на септември, граѓаните на Велика Британија, но и на цела Европа, беа изненадени од веста за промени поврзани со личните документи — кои првично биле во хартиена форма, а потоа и пластични.

Сите се прашуваат едно исто: дали Велика Британија навистина е пионер во воведувањето на ваков вид личен документ?

Вистината е — не се! 

Иако успехот на оваа иницијатива сè уште треба да се види, британската влада изјави дека ќе ги искористи најдобрите аспекти од системите за дигитална идентификација што веќе се користат во неколку земји — меѓу кои Естонија, Данска и Индија — при дизајнирањето на својот систем.

Еве колку други држави веќе имаат дигитална форма на лична карта

Канада

Советот за дигитална идентификација и автентикација на Канада (Digital ID & Authentication Council of Canada) соработува со владата за создавање рамки што им овозможуваат на граѓаните да пристапуваат до владини услуги и да ја потврдуваат својата идентичност онлајн.

Шпанија

Системот „MiDNI“ е дигитална верзија на познатиот шпански документ „DNI“. Тој им овозможува на граѓаните да ја имаат својата лична карта на мобилниот телефон.

Франција

Апликацијата „France Identité“ им овозможува на граѓаните да ги обединат личната карта, возачката дозвола и сообраќајната дозвола во една единствена апликација.

Исланд

Електронската идентификација во Исланд се користи и за идентификација и за дигитален потпис. Таа може да се зачува на SIM-картичката на телефонот или да се користи преку апликацијата „Auðkenni“.

Полска

Граѓаните на Полска можат преку мобилната апликација „mObywatel“ да пристапат до својата дигитална лична карта или возачка дозвола, како и до бројни јавни услуги.

Украина

Системот „DIIA“ во Украина се користи за пристап до повеќе од 70 онлајн услуги за граѓани и бизниси. Овој систем стана особено корисен за раселени лица и за итни исплати за време на тековната војна.

Кина

Националната апликација за онлајн автентикација на идентитетот во Кина им овозможува на корисниците да добијат единствен дигитален број и сертификат за идентификација. Владата ја охрабрува употребата на оваа апликација, која е достапна преку „WeChat“ и други локални апликации.

Индија

Системот „Aadhaar“ обезбедува бесплатна дигитална идентификација за сите граѓани на Индија. Секој добива уникатен 12-цифрен број, кој може да се користи за пристап до различни владини програми и бенефиции.

Јапонија

Картичките „My Number“ во Јапонија се користат за верификација на идентитетот и можат да служат како личен документ и физички и дигитално. Картата може да се додаде во „Apple Wallet“ на Ајфон преку апликацијата „Mynaportal“.

Јужна Кореја

Граѓаните и странските жители можат да додадат дигитална верзија на нивната јужнокорејска лична карта на својот паметен телефон, заменувајќи ја физичката верзија на документот.

Австралија

Системот „Digital ID“ им овозможува на Австралијците доброволен, безбеден и лесен начин за верификација на нивниот идентитет онлајн.

Костарика

Граѓаните на Костарика можат да аплицираат за „Identidad Digital Costarricense“, електронски документ кој го потврдува идентитетот на лицето.

Обединети Арапски Емирати

Системот „UAE Pass“ им овозможува на граѓаните, жителите и посетителите пристап до онлајн услуги од различни сектори низ целите Емирати. Корисниците можат и да потпишуваат и верификуваат документи, како и да бараат документи од други лица.

Швајцарија

Швајцарските гласачи изгласаа план за воведување на доброволни електронски лични карти. Дигиталните лични карти ќе бидат опционални, па граѓаните ќе можат да продолжат да користат традиционални национални лични карти ако тоа го изберат.

Естонија

Системот eEstonia е најразвиениот национален систем за дигитална идентификација во светот. Покрај тоа што служи како законски призната лична карта со фотографија, тој овозможува дигитален пристап до сите безбедни е-услуги на Естонија.

Во Европската Унија, физичките лични карти постојат со децении.

Всушност, во сите земји-членки на ЕУ освен во две, физичките лични карти — во стандардизиран, машински читлив формат воведен во 2021 година — се користат и како идентификациски документ во матичната земја и како патна исправа во Шенген-зоната без пасоши.

Двата исклучоци се Данска, која користи дигитална апликација за идентификација и автентикација наречена MitID, и Ирска, која издава пасош-карти наместо лични.

Можеби ќе ве интересира: Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн

До крајот на 2026 година, Европската Унија планира да го воведе Европскиот дигитален идентитет (eID) паричник, кој се смета за европски одговор на современите предизвици за идентификација.

Овој дигитален паричник ќе им овозможи на граѓаните на сите земји-членки на ЕУ:

-да имаат пристап до јавни и приватни услуги онлајн и офлајн,

-да чуваат и споделуваат дигитални документи,

-како и да создаваат правно обврзувачки електронски потписи.

Во моментов се спроведуваат големи пилот-проекти за тестирање на тоа како ќе функционираат овие дигитални паричници во различни ситуации, пред нивното официјално воведување низ целата ЕУ.

Во проектите учествуваат над 350 компании и јавни институции од 26 земји-членки на Унијата, како и од Норвешка, Исланд и Украина.

Пишува: Скај Њуз

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Црвен метео аларм во Бугарија и Романија

Следно

Клаудија Шифер им пркоси на годините

Latest from Blog

ВИДЕО: Се урна зграда во центарот на Мадрид, се трага по исчезнати лица

Зграда во изградба се урна денес во самиот центар на Мадрид, која се наоѓа на улицат Кале Хилерас број 6. Според првичните извештаи, најмалку тројца работници се повредени , а службите за итни случаи бараат уште двајца за кои се

Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

Натпартискиот кандидат за градоначалник, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, во рамки на својата предизборна програма најави серија мерки за подобрување на безбедноста и противпожарната заштита во општината. – Во наредниот четиригодишен мандат,

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 7 октомври 2025 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03%, завршувајќи на ниво

За убиството на судијата во Апелацискиот суд во Тирана уапсени три лица, скенерот сигнализирал присуство на метал, обезбедувањето не реагирало

Преку соопштение за медиумите, полицијата објави дека обезбедувањето во судницата не презело никакви мерки за физички претрес на чичкото и внукот Ѓон и Елвис Шкамби, иако уредот за скенирање (детектор), во моментот
Go toTop