Силата на жените во енергетиката – Божиновска разговараше со Дуковска и Дисоска

October 6, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна со Ана Дуковска, претседателка и ко-основачка на здружението „Јас сум Жена“, и со Валентина Дисоска, претседателка на Асоцијацијата на бизнис жени.

Средбата беше посветена на иницијативи за поголема застапеност на жените во енергетиката и во бизнис секторот, со фокус на градење професионални мрежи, менторство и видливост на женските лидерски потенцијали.

„Во Министерството ја поддржуваме секоја иницијатива која им дава простор и глас на жените во енергетиката. Овој сектор бара визија, знаење и храброст – а токму тоа жените го имаат. Време е нивната експертиза и лидерски потенцијал да бидат видливи и во енергетиката. Ние не бараме квоти, туку квалитет“, изјави Божиновска.

 

Дисоска додаде дека активната поддршка од институциите е клучна за овозможување на жените да се искачат на позиции на одлука, додека Дуковска порача дека здружувањето и соработката меѓу жените е клуч за создавање поколение лидери кои ќе дејствуваат, а не ќе прашуваат дали можат.

Средбата заврши со договор за натамошна соработка во рамки на конкретни програми и настани, со цел да се зголеми улогата и видливоста на жените во енергетиката, иновациите и бизнис заедницата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија под притисок: ПССЕ бара спроведување на пресудите за Македонците

Следно

Азири го критикува Османи: Наместо болница, граѓаните добија корупциски скандал

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop