Сепак, јавноста ја запозна кога се дозна дека својата петгодишна ќерка ја водела во солариум за девојчето да добие вештачки тен. Потоа следела забрана, а првата опсесија ја заменила ново – користење големи количини средства за самопотемнување, а подоцна и ботокс.
Во 2012 година таа беше обвинета за загрозување на детето, својата ќерка Ана, која ја водела во салон со солариум за да добие вештачки тен. Големото поротско тело ја отфрли обвинителната пријава во 2013 година и Патришија Крентсил (56) успеа да го задржи старателството над ќерката.
Сè започнало во училиште, кога наставничка слушнала како Ана ѝ раскажува на пријателка дека била во солариум со мајка ѝ. Наставничката забележала дека Ана има болни изгореници и повикала полиција.
„Се сончам од својата 21 година. Во 2012 ја одведов својата тогаш петгодишна ќерка во солариум. Следното што го паметам е дека ме уапсија и моето лице се појави по сите медиуми. Потоа ме нарекоа ’Тен мајка‘. Јас се ’сончам‘, таа не се ’сонча‘. Јас сум во кабина, таа е во соседната просторија. Тоа е целата вистина“, изјавила Патришија за „VICE TV“.
Оваа самохрана мајка на пет деца во 2022 за Insider открила дека тој „инцидент ја мачел секој ден изминатите 10 години“, како и дека ја довел во тешка финансиска ситуација, а на крај ѝ било забрането пристапување во локални салони за сончање во Њу Џерси, каде што живеела (подоцна одлучила да се пресели во Лондон).
По сончањето, се посветила и на ботокс. Искажала дека троши 300 долари на секои три месеци за инјекции. „Почнав да читам за познати личности кои користат ботокс и сфатив дека тоа би можело да ми помогне за оштетувањата на кожата од сончање“, рекла таа за американските медиуми. Во солариум оди и до 20 пати месечно и тврди дека никогаш немала здравствени проблеми.
Зависната од солариум, учествувала во реалити емисии, како и во „The Howard Stern Show“, снимала неколку музички спотови, а минатата година најавила дека ќе се кандидира за Сенат во Флорида. Нејзината кампања треба да ја водат продуцентите на емисијата „Tan top 10“, во која учествувала.
Таа го предизвикала сенаторот Рик Скот на претстојните избори за Сенат во 2024 година, според пријавата поднесена до Сојузната изборна комисија.
„Знам дека сум различна и страдав поради тоа. Но, тоа што сите сме различни е она што ја прави оваа земја неверојатна и единствена“, изјавила таа за „TMZ“.
Порано истакнала: „Ја сменив мојата перспектива за животот. Ја превртев мојата судбина. Веќе не ме омаловажуваат. Не одам на журки и не правам никакви лудости“.
Патришија во 2013 се пријавила на рехабилитација по злоупотреба на алкохол, а во 2019 била примена во болница поради воспаление на белите дробови и ставена во индуцирана кома. Доживеала срцев застој, а ѝ бил дијагностициран панкреатитис и зараза која се проширила на белите дробови. „Ме прогласија за мртва, тоа беше многу тажно“, нагласила за „The Post“.
Пренесува: Блиц Жена
Извор: vecer.mk