Овенот е знак на нови почетоци, храброст и дејствување, а полната месечина овде нè соочува со тоа каде треба да застанеме за себе, да покажеме иницијатива и да се ослободиме од стари модели на однесување.
Полната месечина секогаш е кулминација, таа ги открива резултатите, но и последиците од нашите избори и ни покажува што повеќе не функционира. Во овен, тоа е повик да ги надминеме стравовите од конфронтација и да се изразиме автентично, дури и ако тоа значи ризик. Може да донесе поинтензивни емоции, нагли одлуки или потреба да се постават граници. Но зад таа импулсивна сила се крие и можност за нова слобода: избори што се водат од сопствената вистина, а не од очекувањата на другите.
Еве како оваа полна месечина ќе се одрази на секој знак:
Овен
Ова е ваша месечина. Ќе почувствувате силен бран на енергија, но и притисок да донесете одлуки. Ќе бидете во центарот на вниманието, па може да излезат на површина прашања поврзани со личниот идентитет, изглед или односите со другите. Ова е период да се запрашате: „Дали живеам според сопствената вистина или се прилагодувам на туѓите очекувања?“ Можни се конфликти, но тие ќе ви помогнат да ја ослободите потиснатата енергија и да ја зацврстите својата позиција.
Бик
За биковите, полната месечина ја осветлува потсвеста. Може да почувствувате замор, но и силна потреба да расчистите стари стравови или нерешени ситуации. Ова е време за повлекување, медитација или внатрешна работа. Интуицијата ќе биде засилена, па обрнете внимание на соништата и симболите. Наместо да се борите со надворешниот свет, најголемата промена ќе се случи внатре во вас.
Близнаци
Кај близнаците, енергијата ќе се почувствува во кругот на пријателите и заедницата. Можно е да заврши една соработка или да кулминираат случувања во група на која припаѓате. Ќе сакате да се изразите појасно и да покажете кој е вашиот вистински пат. Оваа полна месечина нуди шанса да се поврзете со луѓе што делат слични цели, но и да се оддалечите од односи што ве ограничуваат.
Рак
Раковите ќе ја почувствуваат оваа полна месечина во областа на кариерата и јавниот имиџ. Можно е признание за вашата работа, но и притисок од одговорности. Ова е период кога може да се разрешат недоразбирања со претпоставените или да се појави нова професионална можност. Сепак, важно е да се балансираат обврските со семејниот живот. Сега јасно ќе се покаже каде треба да застанете на сцена и да ја покажете својата храброст.
Лав
Кај лавовите, оваа полна месечина носи потреба за проширување на хоризонтите. Може да се појави желба за патување, ново знаење или духовна практика. Ако сте се чувствувале заглавени, сега ќе добиете поттик да излезете од рутината. Се отвора можност да го споделите своето знаење со другите или да направите чекор што ќе ве однесе во непознато, но возбудливо поле.
Девица
Девиците ќе бидат повикани да се соочат со длабоки емоции и прашања за доверба. Полната месечина може да донесе разговори околу заеднички финансии, наследство или интимни односи. Ова е време за трансформација – да оставите зад себе стари стравови и да се отворите за нова форма на блискост. Ќе почувствувате дека е потребно да се ослободите од контролата и да им дозволите на емоциите да ве водат.
Вага
Кај вагите, оваа полна месечина го осветлува полето на партнерствата. Ќе излезат на површина теми околу рамнотежата во врските – дали давате повеќе отколку што добивате, дали се ценети вашите потреби. Можно е кулминација на љубовна врска, ново ниво на посветеност или завршување на однос што веќе не носи хармонија. Важно е да бидете искрени со себе и со другите.
Скорпија
Скорпиите ќе ја почувствуваат енергијата во секојдневието и здравјето. Полната месечина може да ви покаже дека е време за нова рутина, подобра организација или грижа за телото. Ако сте го занемариле својот ритам, ова е момент да внесете ред. Исто така, може да се открие вистината за еден работен однос или динамика со колегите. Сега е време за искреност со самите себе околу тоа што ве исцрпува и што ве полни со енергија.
Стрелец
Кај стрелците, ова е полна месечина на радост, љубов и креативност. Може да донесе кулминација во љубовната врска, важен разговор или нова авантура. Ќе чувствувате потреба да се изразите автентично – преку уметност, хоби или искрено признание. Ова е период за да се потсетите на страста и на тоа што ви дава смисла.
Јарец
Јарците ќе бидат насочени кон домот и семејството. Можно е да заврши некоја ситуација поврзана со местото на живеење, наследство или семејна динамика. Ќе почувствувате потреба да ја изградите сопствената стабилност и да се вратите кон корените. Ова е време кога треба да се соочите со стари семејни приказни за да ослободите простор за нов почеток.
Водолија
Водолиите ќе ја почувствуваат енергијата преку комуникацијата и секојдневните контакти. Може да кулминира некој проект поврзан со пишување, учење или работа со луѓе. Ќе бидете многу директни, а зборовите ќе носат моќ – затоа е важно да внимавате како ги користите. Ова е време за разговори што долго сте ги одложувале и за идеи што сега можат да добијат јасна форма.
Риби
Кај рибите, полната месечина ја осветлува областа на финансии и лична вредност. Може да се појави јасност околу тоа како заработувате или трошите пари, но и какво е вашето чувство на самодоверба. Ова е повик да ја видите сопствената сила и да се ослободите од навики што ве држат во место. Ќе почувствувате дека е време да застанете цврсто на своите нозе и да ги цените сопствените способности.
Извор: vecer.mk